ИНСТИТУТ ЗА АНИМАЛНА БИОТЕХНОЛОГИЈА
Истражувачкиот кадар на Институтот е вклучен во образованието на студентите на сите нивоа на образование, трансфер на знаење и интензивна соработка со земјоделските производители, преработувачката индустрија и сродните институции. Научните активности на Институтот се ориентирани кон: технологија на одгледување на домашни животни (говеда, коњи, овци, кози, свињи и живина), истражувачки активности во биолошката разновидност на животинските генетски ресурси, исхрана на домашните животни, риби, дивеч и пчели, технологија на производство и преработка на производи од животинско потекло, применета биотехнологија и молекуларна биологија во сточарството, здравје и благосостојба на животните. Покрај овие активности, членовите на институтот се активно вклучени во: адаптација на различен избор на селекциони модели на популации и квантитативна генетика на домашните животни, воведување на современи системи за одгледување на домашните животни, нови технолошки решенија за исхрана на животните, методи за оценување на нутритивната вредност на сточната храна и оптимален состав на сточна храна и сточни смески, воведување на нови млечни и месни преработки, проширување на асортиманот на домашните производи, заштита на суровините од распаѓање, подобрување на квалитетот и стандардите, дизајнирање на процесот на производство на млеко, примена на различни видови адитиви во месните производи, примена на молекуларни маркери во изборот и репродукцијата на домашните животни, дизајнирање на сточарско производство, постојани обуки од областа на хигиената (и санитарната опрема) во сточарското производство.
БРОШУРА-ИНСТИТУТ ЗА АНИМАЛНА БИОТЕХНОЛОГИЈА
БРОШУРА-ИНСТИТУТ ЗА АНИМАЛНА БИОТЕХНОЛОГИЈА 949.23 Kb
ИНСТИТУТ ЗА АНИМАЛНА БИОТЕХНОЛОГИЈА
Раководител: Проф. д-р Соња Србиновска
Катедра за сточарство
Катедра за здравје и благосостојба на животни
Катедра за технологија на анимални производи
Катедра за исхрана и тех. на добиточна храна
Катедра за биохемија и генетско инженерство
Лаборанти:
- Сашка Чижбановска Салтамарска, Виш лаборант, Област: Млеко и млечни производи, Е-пошта:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
- Маја Нацевска, Лаборант, Област: Исхрана и технологија на добиточна храна, Е-пошта:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
|