ИНСТИТУТ ЗА ЗАШТИТА НА РАСТЕНИЈАТА И ЗЕМЈОДЕЛСКА ТЕХНИКА
Институтот за заштита на растенијата и земјоделска техника се состои од 4 различни катедри, Катедрата за фитопатологија, Катедрата за ентомологија, Катедрата за општо поледелство и Катедрата за земјоделска техника. Има вкупно 10 вработени во Институтот, од кои 8 се вклучени во образовно-истражувачките активности, а 2 лица работат како лаборанти. Главните активности на вработените во Институтот се едукација на студентите и истражувачка работа, фокусирана на болестите кај растенијата предизвикани од габи, бактерии и вируси, штетите кај растенијата предизвикани од инсекти, паразити и други штетници, плевели, фитофармација, интегрално управување со штетници, биолошка контрола на штетните организми, земјоделски машини и нивната експлоатација, процесна технологија, механизација во производството на растенија и механизација во сточарското производство, хомологација на земјоделска техника и опрема за обработка. Во исто време, Институтот се занимава со долгогодишна апликативна дејност, од областа на здравствената состојба на растенијата, биолошката ефикасност на пестициди, обука на земјоделците, тестирање на експлоатациски својства на земјоделските машини и орудија кои се користат во земјоделството итн.
БРОШУРА- ИНСТИТУТ ЗА ЗАШТИТА НА РАСТЕНИЈАТА И ЗЕМЈОДЕЛСКА ТЕХНИКА 1.13 Mb
Катедра за фитопатологија
Катедра за ентомологија
Катедра за земјоделска техника
Катедра за општо поледелство
ИНСТИТУТ ЗА ЗАШТИТА НА РАСТЕНИЈАТА И ЗЕМЈОДЕЛСКА ТЕХНИКА
Раководител: Проф. д-р Звонко Пацаноски
Катедра за фитопатологија
Катедра за ентомологија
Катедра за земјоделска техника
Катедра за општо поледелство
Лаборанти:
- М-р Владимир Стојановски, Виш лаборант, Област: Фитопатологија, Е-пошта:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
- Ксенија Марковска, Лаборант, Област: Ентомологија, Е-пошта:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
|