Skip to content

За Факултетот arrow ЖИВОТНА СРЕДИНА
| Испечати |

ИНСТИТУТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА (ИНСТИТУТ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ПРИРОДНИ РЕСУРСИ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО)

Институтот има 11 вработени, 8 се вклучени во образованието и истражувачките активности, а 3 се лаборанти. Активностите на Институтот се насочени кон едукација на студентите, научна работа и апликативна дејност со различни страни заинтересирани за оваа област. Образованието и истражувачките активности се поврзани со еколошко и одржливо земјоделство и правилно управување со природните ресурси, особено за: формирање на почвите, нивна генеза, физиологија, еволуција, класификација, морфологија и својства на почвата, микробиологија на почвата, плодност на почвата, исхрана на растенијата и управување со ѓубрива, наводнување на земјоделските култури, правилно управување со водата и користење на современи технологии и техники за наводнување во праксата, капка по капка системи за наводнување и хемигација во земјоделското производство, конзервација на почвата и водата, мелиорации и контрола на ерозијата, дизајнирање, организација и експлоатација на системи за одводнување и наводнување, управување со водите во хидро-мелиоративни системи, загадување на почвите, водата и културите предизвикани од штетните материи, еколошки принципи во земјоделството, климатски промени и мерки за прифаќање во земјоделството, GIS во земјоделството и т.н..


БРОШУРА-ИНСТИТУТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА (ИНСТИТУТ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ПРИРОДНИ РЕСУРСИ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО)

pdf ИНСТИТУТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА (ИНСТИТУТ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ПРИРОДНИ РЕСУРСИ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО) 678.08 Kb

menadjment.png


  • Катедра за почви
  • Катедра за води и заштита од ерозија
  • Катедра за екологија и заштита на животната средина
  • Катедра за агрохемија

НИЕ СМЕ....

ИНСТИТУТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

(ИНСТИТУТ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ПРИРОДНИ РЕСУРСИ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО)

Раководител: д-р Миле Марковски

ЧЛЕНОВИ НА ИНСТИТУТОТ

Професори, доценти и асистенти

КАТЕДРА ЗА ПОЧВИ

д-р ТАТЈАНА МИТКОВА, редовен професор

д-р МИЛЕ МАРКОСКИ, вонреден професор

КАТЕДРА ЗА ВОДИ И ЗАШТИТА ОД ЕРОЗИЈА

д-р ОРДАН ЧУКАЛИЕВ, редовен професор

д-р МАРИЈА ВУКЕЛИЌ-ШУТОСКА, редовен професор

д-р ВЈЕКОСЛАВ ТАНАСКОВИЌ, редoвен професор

КАТЕДРА ЗА ЕКОЛОГИЈА И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

д-р ЕЛИЗАБЕТА АНГЕЛОВА, редовен професор

д-р ОЛГА НАЈДЕНОВСКА, редовен професор

КАТЕДРА ЗА АГРОХЕМИЈА

д-р МАРИНА СТОЈАНОВА, редовен професор

Лаборанти

МЕРИ МУКАЕТОВА, лаборант; област: Наводнување; Е-пошта: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

ФАНКА ДУЗА, лаборант; област: Педологија; Е-пошта:  Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

СИМОНА БОШКОВСКА ТАЛЕВСКА, лаборант; област: Агрохемија; Е-пошта: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

 

 

НАШ ИМПЕРАТИВ

pedologija.gifНарушувањата на животната средина, појавите на суши и поплави за кратко време на едно исто место, деградација на живите организми без почитување на природните законитости и потребите на секој вид, загадувањето на почвата, воздухот, водата за пиење и наводнување, изразената ерозија, глобалното затоплување, климатските промени, и сл.... наметнаа потреба од осовременување на знаењата и вештините за одржливото искористување на природните ресурси (одржување на плодноста на почвата, квалитетот на водата, рационалното користење на енергијата и одржување на биолошката и генетската разновидност), а со тоа и заштита на животната средина.

Денес во светот потребите за новите концепти на земјоделско производство (еко, одржливо и органско земјоделство) се шират со огромна брзина и претставуваат одговор на евидентно нарушената животна средна и потребите на луѓето за квалитетна и безбедна храна.

НАША ВИЗИЈА

Современо земјоделство кое ќе се развива на еколошки принципи и ќе обезбеди економичност во производството со заштита и одржување на агроекосистемите и екосистемите. Тоа значи производство на квалитетна, здравствено безбедна, контролирана и сертифицирана храна која ги задоволува потребите на современиот потрошувач, придонесува за рационално користење на ресурсите и заштита на животната средина.

Прочитај повеќе...
 

Choose Your Language/Избери јазик

Промотивно видео

Акредитации

Акредитации

Сертификат за акредитација MKC EN ISO/IEC 17025:2006

СЕРТИФИКАТ ЗА АКРЕДИТАЦИЈА БР. ЛТ-о5о, за исполнетост на стандард MKC EN ISO/IEC 17025:2006

pdf Сертификат за акредитација 2018

pdf Прилог кон сертификатот lt-050-2018
Имаме 1 гости(н) на оваа страница

Анкета

Што мислите за новата страна
 

Корисни линкови

     
   
ukim_logo.gif
 
zemjodeslkiinstitut.jpg
 
studentski_parlament.png
 
app_logo.png
 
zaem_banner.jpg
 
  Адреса
Факултет за земјоделски науки и храна
ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3
П. фах 297
1000 Скопје
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP ЗАЕМ Тел: +389 2 3255100
Факс +389 2 3134310
Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk
E-пошта:               contact@fznh.ukim.edu.mk
    СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ      
 ЦИПОЗ