Skip to content

За Факултетот arrow АНИМАЛНА БИОТЕХНОЛОГИЈА arrow Институт за анимална биотехнологија
| Испечати |

ИНСТИТУТ ЗА АНИМАЛНА БИОТЕХНОЛОГИЈА

Истражувачкиот кадар на Институтот е вклучен во образованието на студентите на сите нивоа на образование, трансфер на знаење и интензивна соработка со земјоделските производители, преработувачката индустрија и сродните институции. Научните активности на Институтот се ориентирани кон: технологија на одгледување на домашни животни (говеда, коњи, овци, кози, свињи и живина), медоносни пчели и домашни миленици, истражувачки активности во биолошката разновидност на животинските генетски ресурси, исхрана на домашните животни и миленици, риби и дивеч, технологија на производство и преработка на производи од животинско потекло, применета биохемија и молекуларна биологија и генетското инженерство во сточарството, здравје и благосостојба на животните. Покрај овие активности, членовите на Институтот се активно вклучени во: адаптација на различен избор на селекциски модели на популации и квантитативна генетика на домашните животни, воведување на современи системи за одгледување на домашните животни, нови технолошки решенија за исхрана на животните, методите за анализа и оценување на нутритивната вредност на храната за животни и оптимализација на оброците и крмните смески, воведување на нови млечни и месни преработки, проширување на асортиманот на домашните производи, заштита на суровините од распаѓање, заштита на автохтони раси и традиционални производи од анимално потекло, намалување на отпад при производство и заштита на суровините од расипување, осигурување безбедно производство и подобрување на квалитетот и стандардите, дизајнирање на процесот на производство на млеко, примена на различни видови адитиви во месните производи, примена на биохемиски параметри во одредување на физиолошката состојба на животните, примена на молекуларни ма ркери во изборот и репродукцијата на домашните животни, примена на молекуларни техники во контролата на производите од анимално потекло, дизајнирање на сточарско производство, влијание на анималното производство и преработка врз животната средина, постојани обуки од областа на хигиената (и санитарната опрема), лабораториските техники во сточарското производство. На Институтот за анимално производство функционираат акредитираната лабораторија за анализа на храна за животни, како и лабораторијата за млеко и млечни производи и лабораторијата за ГМО.
Истите учeствуваат и во едукација на студентите кaкo и за пoтрeбите на нaучнo истрaживaчката работа.

БРОШУРА-ИНСТИТУТ ЗА АНИМАЛНА БИОТЕХНОЛОГИЈА

pdf БРОШУРА-ИНСТИТУТ ЗА АНИМАЛНА БИОТЕХНОЛОГИЈА 949.23 Kb

animalna.png

СТУДИСКИ ПРОГРАМИ
Диплома (8 семестри)
Анимална биотехнологија - Студиската програма Анимална биотехнологија развива практични и академски вештини во научните области како што се: одгледување и производство на говеда, свињи, овци, кози, живина и пчеларство, генетика и селекција на животните, хигиена и технологија на производи и суровини од анимално потекло, исхрана и добиточна диететика, анатомија на животни, физиологија, биохемија, молекуларна биологија, зоохигиена и анимална биотехнологија. Преработка на земјоделски производи – анимално производство. Дипломираните студенти на оваа студиска програма се здобиваат со стручност и компетентност за работа во полето на анималната биотехнологија, производството на храна, физичкохемиските својства на суровините и материјалите од анимално потекло за преработка, технологијата за производство на храна од животинско потекло, како и безбедноста и квалитетот на храната.

Магистерски студии (2 и 4 семестри)
Анимална биотехнологија, Модули: Генетика и селекција во анимално производство, Исхрана на животните, Менаџмент на здравје и благосостојбата на животните, Говедарство, Овчарство, Козарство, Свињарство, Живинарство, Рибарство, Пчеларство.
Преработка на земјоделски производи од анимално потекло, Модули: Млеко и млечни производи, Месо и производи од месо, Нутриционизам.

Докторски студии (6 семестри): Анимална биотехнологија

ИНСТИТУТ ЗА АНИМАЛНА БИОТЕХНОЛОГИЈА

Раководител: Проф. д-р Соња Србиновска

Катедра за сточарство

Катедра за здравје и благосостојба на животни

Катедра за технологија на анимални производи

Катедра за исхрана и тех. на добиточна храна

Катедра за биохемија и генетско инженерство
Лаборанти:
  • Сашка Чижбановска Салтамарска, Виш лаборант, Област: Млеко и млечни производи, Е-пошта: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
  • Маја Нацевска, Лаборант, Област: Исхрана и технологија на добиточна храна, Е-пошта: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
  • Марија ЗДРАВКОВСКА, Виш лаборант, Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
                                                                                
 

Choose Your Language/Избери јазик

Промотивно видео

Акредитации

Акредитации

Сертификат за акредитација MKC EN ISO/IEC 17025:2018

СЕРТИФИКАТ ЗА АКРЕДИТАЦИЈА БР. ЛТ-о5о, за исполнетост на стандард MKC EN ISO/IEC 17025:2018





Имаме 2 гости на оваа страница

Анкета

Што мислите за новата страна
 

Корисни линкови

     
   
ukim_logo.gif
 
zemjodeslkiinstitut.jpg
 
studentski_parlament.png
 
app_logo.png
 
zaem_banner.jpg
 
  Адреса
Факултет за земјоделски науки и храна
ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3
П. фах 297
1000 Скопје
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP ЗАЕМ Тел: +389 2 3255100
Факс +389 2 3134310
Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk
E-пошта:               contact@fznh.ukim.edu.mk
    СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ      
 ЦИПОЗ