Skip to content

За Факултетот arrow Наука и апликација arrow Настани
Настани
Обука-Климагри | Испечати |
Обука во рамки на проектот: ПАМЕТНО ЗЕМОДЕЛСТВО ЗА АДАПТАЦИЈА КОН КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ
(КЛИМАГРИ - CLIMAGRI)

Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје во состав на УКИМ интензивно работи на демонстративни опити со цел истражување и употреба на технологии за паметно земоделство кои би овозможиле одржливост и резистентност на земоделското производство во услови на климатски промени.

Во таа насока како една од целите е и вклучување на младата генерација и нивно запознавање со можностите за адаптација на земоделството кон растечките климатски предизвици. Благодарност до наставниот кадар и средношколците од ДСУ Регионален центар за стручно образование и обука ,,Киро Бурназ” - Куманово и СУГС ,,Георги Димитров” - Скопје за нивното учество на обуката и покажаниот интерес за примената на иновативни дигитални и агротехнички решенија во земјоделството.

sliki052026.png
 
12.12.2025 ЕДНО Е ДА ЗНАЕШ, А ДРУГО ДА УМЕЕШ | Испечати |
ЕДНО Е ДА ЗНАЕШ, А ДРУГО ДА УМЕЕШ

На 12.12.2025 год. студентите од ФЗНХ во организација на проф. Зоран Поповски реализираа теренска настава преку посета на биогасната централа во с. Сарамзалино и винаријата Камник.

Наставата се реализираше во рамки на предметот ГМО, а целта беше да се поврзе теоретскиот дел од наставата со потенцијалните можности за примена на новите сознанија во развојот на овие компании.

Наши домаќини во биогасната централа беа Арти и Елена кои ги запознаа студентите со процесот на управување со различен земјоделско-сточарски отпад и производство на биогас. По посетата на постројките и лабораторијата се разви интересна дискусија за тоа како генетското инженерство може да ги унапреди овие биотехнолошки процеси.

Теренската настава продолжи во винаријата Камник каде што домаќини беа Сандра и Јане кои ги воведоа студентите во тајните на биотехнолошките процеси при производство на вино. И во овој случај по посетата на погоните и лабораторијата се разговараше за евентуална примена на генетски модификации во винарската индустрија. На крајот, домаќините ги почестија студентите со дел од својот вински  асортиман преку дегустација.

Особено треба да се истакне големиот интерес на студентите во текот на посетите и нивното активно учество во интересните дискусии.
 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 32 од 42

Choose Your Language/Избери јазик

Имаме 5 гости на оваа страница

Анкета

Што мислите за новата страна
 

Корисни линкови

     
   
ukim_logo.gif
 
zemjodeslkiinstitut.jpg
 
studentski_parlament.png
 
app_logo.png
 
zaem_banner.jpg
 
  Адреса
Факултет за земјоделски науки и храна
ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3
П. фах 297
1000 Скопје
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP ЗАЕМ Тел: +389 2 3115277

Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk
E-пошта:               contact@fznh.ukim.edu.mk
    СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ      
 ЦИПОЗ