
Факултетот е лоциран во источниот дел од градот Скопје, во кампус со другите факултети од биотехничките науки: Шумарски факултет, Факултет за ветеринарна медицина и Природно-математички факултет. Кампусот е 2км оддалечен од Ректоратот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а во состав на кампусот е лоциран и Студентскиот дом „Стив Наумов”.
Факултетот е опремен со зграда со нето корисна површина од 7465м2, во која се сместени 6 амфитеатри, 26 предавални, 27 вежбални, 28 лаборатории, 143 канцеларии, библиотека и читална со површина од 270 м2 и студентско бифе со површина од 180м2.
Факултетот располага со ботаничка градина со површина од 3ха и стакленик со површина од 100м2, лоцирани пред самата зграда, како и со опитно поле од 56ха во реонот на јужновардарската долина.
Адреса
Факултет за земјоделски науки и храна
Бул. ”Александар Македонски” бб
П. фах 297
1000 Скопје
Република Македонија
Тел: +389 2 3115277
Факс +389 2 3134310
Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk
Декан: проф. д-р Драги Димитриевски
|