|
Проект: КЛИМАГРИ |
| Испечати |
|
ПАМЕТНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО ЗА АДАПТАЦИЈА КОН КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ
(КЛИМАГРИ - CLIMAGRI)
За проектот
Проектот ги истражува и демонстрира можностите за адаптација на земјоделството кон растечките климатски предизвици.
Нашата визија е развој на капацитети за одржливо и поотпорно земјоделство со примена на иновативни дигитални, агротехнички и биолошки решенија
Главен истражувач: Проф. д-р Ордан Чукалиев
Факултет за земјоделски науки и храна – УКИМ
Период на имплементација: 2025–2026
Документи:
Настани:
Прва теренска посета на демонстрациските опити во рамки на Опитно поле
на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, Долно Лисиче
Во рамките на проектите:
„Адаптација
на климатските промени во земјоделството: Дисеминација и зголемување на
примената на најдобри практики“ и
„Пилот демонстративниот проект за
адаптација на климатските промени во земјоделството и промоција на
одржливи практики“
Дата: 16 јули 2026 година
Локација: Опитно поле на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, Долно Лисиче
⏰ Време: 09:00 – 13:00 часот
ОБУКА
Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје во состав на УКИМ интензивно работи на демонстративни опити со цел истражување и употреба на технологии за паметно земоделство кои би овозможиле одржливост и резистентност на земоделското производство во услови на климатски промени.
Во таа насока како една од целите е и вклучување на младата генерација и нивно запознавање со можностите за адаптација на земоделството кон растечките климатски предизвици. Благодарност до наставниот кадар и средношколците од ДСУ Регионален центар за стручно образование и обука ,,Киро Бурназ” - Куманово и СУГС ,,Георги Димитров” - Скопје за нивното учество на обуката и покажаниот интерес за примената на иновативни дигитални и агротехнички решенија во земјоделството.
|
|
|
EIT InfraBooster |
| Испечати |
|
|
 Во академската 2023/2024 година, тим од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје, учествуваше во целосниот циклус на програмата EIT InfraBooster, финансирана од Европскиот институт за иновации и технологии (EIT). Програмата се базираше на сеопфатна методологија развиена од Универзитетот во Варшава и беше збогатена преку трансфер на знаење и менторска поддршка од Универзитетот во Варшава во соработка со заедниците на EIT.
Како резултат на ова учество, беше дизајнирана, развиена и успешно претставена на пазарот нова услуга: „ Експериментална анализа на потрошувачите за научно поткрепени деловни стратегии“.
Лабораторијата за бихејвиористички и експериментални економски науки – LaBEES им помага на компаниите да разберат што навистина вреднуваат потрошувачите – преку примена на експерименти со реални стимулации, во замена на хипотетички анкети. Како прва лабораторија за експериментална економија во Западен Балкан, базирана на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, LaBEES е специјализирана за истражување на потрошувачки преференции поврзани со карактеристики на производи, одржливост и ценовна сензитивност. Услугата овозможува тестирање на нови производи или прототипови, мерење на подготвеноста за плаќање и усовршување на стратегии за цени и маркетинг. Преку симулирање на реални одлуки за купување, LaBEES обезбедува сигурни, применливи и прилагодени сознанија за вашите пазари. Идеална за компании од земјоделако-прехранбениот сектор, трговијата и иновацискиот екосистем, оваа услуга ги намалува ризиците, поддржува подобро одлучување и ја зајакнува конкурентската предност, со поддршка од експертски академски тим и напредна истражувачка инфраструктура.
Ангажманот на нашиот тим вклучуваше:
- Учество во Foundation модулот на EIT InfraBooster, со што се продлабочи знаењето за потенцијалот на истражувачката инфраструктура (RI) и се развија аналитички вештини за нејзина проценка и комерцијална примена;
- Учество во Practitioner модулот на EIT InfraBooster, кој поддржа дизајн на нова услуга преку систематски пристап за искористување на RI во научни институции. Активностите опфатија анализа на уникатните капацитети на инфраструктурата, идентификување индустриски партнери, иницирање контакти со компании, подготвување и усовршување на маркетинг материјали со јасно истакнати предности за клиентите, идентификување на потенцијални клиенти и иницирање на продажен процес. Овие активности беа водени преку индивидуален и тимски менторинг од Универзитетот во Варшава и кулминираа со презентација на концептот на услугата на завршниот настан InfraBooster Demoday. Вредносната понуда на новата услуга беше исто така вклучена во официјалниот каталог на услуги на EIT InfraBooster: https://heyzine.com/flip-book/ba48e1f379.html#page/23
|
|
|
|