ИНСТИТУТ ЗА АГРОЕКОНОМИКА
Институтот се фокусира на едукација и истражување во областа на применетата економија во земјоделството. Институтскиот кадар и студентите работат на широк спектар на теми на макро и микро економско ниво, со примарна грижа - користење на природните ресурси, продуктивност, профитабилност и одржливост на земјоделското производство, индустриска организација на системите на агро-храна, агробизнис менаџмент и маркетинг, финансии, земјоделската политика и руралниот развој. Во прилог на образовната и научна дејност, институтот, исто така учествува во подготовка на националните стратегии и програми за земјоделство и рурален развој, инвестициони програми, бизнис планови и елаборати.
БРОШУРА-ИНСТИТУТ ЗА АГРОЕКОНОМИКА 561.76 Kb

ИНСТИТУТ ЗА АГРОЕКОНОМИКА
- Катедра за агробизнис
- Катедра за аграрна политика
- Катедра за рурален развој
Членови на институтот:
Раководител: Проф. д-р Јован Аждерски
Катедра за агробизнис
Катедра за аграрна политика
Катедра за рурален развој
Лаборанти
- Верица Николовска, Лаборант, Област: Агроекономика, Е-пошта:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
ИНСТИТУТ ЗА АГРОЕКОНОМИКА
Научна дејност
- Проучување на агроекономските аспекти од областа на економиката на примарното земјоделско производство, преработки на земјоделски производи и нивниот промет;
- Проучување на продуктивноста, економичноста и профитабилноста на земјоделското производство во различни услови на стопанисување;
- Проучување на можностите за развој на одделното производство во Републиката и нивната компатибилност со други земји;
- Проучување на менаџментот и маркетингот во земјоделството;
- Аграрната политика и руралниот развој.
Меѓународна соработка
Катедрата соработува со повеќе универзитети и катедри. Од нив поблиска соработка остварува со:
- Земјоделскиот Универзитет од Упсала, во рамките на проект финансиран од шведската агенција за развој (СИДА);
- Преку Темпус проекти со Универзитетите Хохенхајм, Гринич, Ваенстефан, Сараево, Тирана, Нови Сад, Љубљана, Софија;
- Kатедрите и институтите за агроекономија во регионот: Белград, Загреб, Нови Сад, Чачак, Софија.
|