
Студенти
Центар за кариера
Центарот за кариера при Факултетот за земјоделски науки и храна е главната врска меѓу студентите и бизнис-секторот. Центарот за кариера одржува контакти со студентите кои дипломирале на ФЗНХ (алумни), но е посветен и на идните генерации студенти.
Што нуди Центарот
Кариерниот центар обезбедува информации што ќе го олеснат изборот на најсоодветна студиска програма за идните генерации студенти, како и информации за условите за студирање и за расположливите капацитети на Факултетот.
Центарот соработува со голем број компании од областа на земјоделството, агробизнисот и производството на храна во нашата држава, во кои студентите можат да ја реализираат стручната пракса. За сите активности на Центарот за кариера студентите можат да добијат информации во канцеларијата на Центарот или на е-пошта kariera@
Цели
- Воспоставување на постојана врска помеѓу Факултетот, студентите и бизнис-секторот
- Информирање на студентите за вршење практична настава и организирање контакти со компании кои ги користат современите техники и технологии во областа на земјоделството и производството на храна
- Олеснување на пристапот на студентите до работодавачите, како и обезбедување информации за можностите за вработување
- Одржување на соработката со студентите кои дипломирале (алумни), како и зајакнување на нивните активности со Центарот и со Факултетот
- Промоција на ФЗНХ пред идните студенти и медиумите и на други настани
- Организирање работилници и семинари за студентите, со цел подобрување на нивните вештини, лични карактеристики, комуникација итн.
- Организирање теренски предавања на отворено, професионални посети на саеми, учество на симпозиуми, конгреси, работилници, средби на различни генерации итн.
Активности на Центарот
Центарот за кариера на ФЗНХ обезбедува кариерно насочување и советување на младите луѓе преку активности кои им овозможуваат на младите да ги идентификуваат сопствените способности и компетенции, потреби, интереси и вредности, да се соочат со реалните можности и понуди на пазарот на трудот, да соберат клучни информации за различни занимања и образование, да пробаат различни работни места, да ги споредат своите желби со знаењето што го стекнале за одредени работни места и во однос на реалните услови, околности и можности на пазарот на трудот да донесат одлука за својата кариера.
Активностите кои се спроведуваат редовно во текот на академската година се однесуваат на:
- Професионална пракса за студенти
- Информации за кариерата
- Одржување средби со претставници на бизнис-заедницата
- Организирање обуки за насочување и советување за кариера и менаџмент на кариера
- Работилници за активно барање работа
- Промоција на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје
- Промовирање на земјоделската струка и важноста на секторот земјоделство
- Одржување релации со алумни-базата на ФЗНХ
- Едукација на младите во градинките, основните и средните училишта и др.
Повиците, огласите и работилниците на Центарот се објавуваат на Огласната табла.
Настани и огласи
Денови на кариера
Во 2022 година, по повод 75 години постоење на Факултетот, „Деновите на кариера“ опфатија пет последователни настани од 12 до 16 декември, меѓу кои работилница „Како да се подготвам за интервју?“ и кариерен ден со саем на кариера во аулата на Факултетот. Во 2023 година се одржаа од 12 до 16 декември.

10 години Центар за кариера
На 25 март 2024 година, во амфитеатарот бр. 40 на Факултетот, Центарот за кариера на ФЗНХ, во состав на Центарот за кариера на УКИМ, со свечен настан одбележа 10 години од својата работа, периодот 2014–2024.
| Програма | Време | Говорник |
|---|---|---|
| Официјално отворање на настанотВреме: 11:00–11:10Говорник: Проф. д-р Вјекослав Танасковиќ – декан на ФЗНХ | 11:00–11:10 | Проф. д-р Вјекослав Танасковиќ – декан на ФЗНХ |
| 10 години Центар за кариера на ФЗНХВреме: 11:10–11:30Говорник: Проф. д-р Ромина Кабранова – раководител на ЦК на ФЗНХ | 11:10–11:30 | Проф. д-р Ромина Кабранова – раководител на ЦК на ФЗНХ |
| Внатрешни стресови и нивно надминувањеВреме: 11:30–12:00Говорник: Д-р Лулзим Адили | 11:30–12:00 | Д-р Лулзим Адили |
| Кратка паузаВреме: 12:00–12:15 | 12:00–12:15 | |
| Јавен говор со кредибилитет и говор на телотоВреме: 12:15–13:00Говорник: Д-р Лулзим Адили | 12:15–13:00 | Д-р Лулзим Адили |
| BASE™ интерперсонална комуникацијаВреме: 13:00–13:45Говорник: Д-р Лулзим Адили | 13:00–13:45 | Д-р Лулзим Адили |
| Дискусија и затворање на настанотВреме: 13:45–14:00 | 13:45–14:00 |
Стручна пракса
Центарот ја организира стручната пракса на прв циклус студии. Условите, организацијата, упатството и документите за неа се на страницата „Стручна пракса“.
Контакт
Лица
проф. д-р Ромина Кабранова
Раководител на Центарот за кариера
Е-пошта: romina
@fznh.ukim.edu.mk Телефон: +389 2 3255 100
Кабинет 162
Консултации: вторник 09:00–11:00, среда 09:00–11:00
Документи
Ажурирано на
Студентски прашања
Имате прашање?
Одделението за студентски прашања помага со уписот, заверката на семестарот, потврдите и уверенијата.



