Skip to content

За Факултетот
Уписи I Циклус
Уписи прв циклус студии 2026-2027 | Испечати |
Уписи прв циклус студии 
ФЗНХ - академска 2026/2027


Извадок од Конкурс ФЗНХ - УКИМ 2026-2027




за запишување студенти на прв циклус студии во учебната 2026/27 година 
на Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје


  • ПРИСТАП ДО СИСТЕМ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ
Кандидатите за запишување на прв циклус студии во учебната 2026/2027 година се пријавуваат за упис преку системот за електронско пријавување - iKnow - www.upisi.ukim.mk . Пријавувањето веќе е во тек.
Пред терминот на пријавување, во роковите утврдени со Конкурсот секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот, со што автоматски добива број за електронско пријавување.
Откако кандидатот ќе ги пополни сите прозорци кои се отвараат во iKnow системот, треба да притисне на копчето ПРАТИ и со тоа електронската пријава е завршена и комплетирана

  • ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.
Уписни рокови:
Прв уписен рок 18.08.2026 и 19.08.2026 година
Втор уписен рок 10.09.2026 и 11.09.2026 година
Трет уписен рок 23.09.2026 година

Пријавувањето и поднесувањето на сите документи ќе се одвива во Одделението за студентски прашања при Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје, од 8:00 до 15:00 часот, со физичко присуство.

  • ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

1.    Универзитетски пријавен лист (генериран од iKnow системот, своерачно потпишан)
2.    Интерен пријавен лист (генериран од iKnow системот, своерачно потпишан)
3.    Оригинал свидетелства од сите класови
4.    Документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование),
5.    Извод од матичната книга на родени (оригинал)
6.    Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение) (оригинал)
7.    Изјава за согласност за лични податоци (генерирана од iKnow системот, своерачно потпишана)
8.    Изјава за припадност на заедниците, кои не се мнозинство во РС Македонија (генерирана од iKnow системот, своерачно потпишана)
9.    Потврда за уплатa:

  • Административна такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка ; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Приходна шифра и програма 722313 00),

  • За пријавување 300,00 денари на жиро-сметка на ФЗНХ (Образец ПП 50: Назив на примачот: ФЗНХ; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Сметка на корисник: 1600104545 788 10; Приходна шифра и програма 723012 41 )

Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти ги доставуваат, освен горенаведените, и следните документи:
-    образец М1/М2 нотарски заверен, или
-    лекарско уверение за причините наведени во Конкурсот (издадено од З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје).

Кандидатите со завршено средно образование во странство (странски државјани или државјани на РСМ со завршено целокупно средно образование во странство) при пријавувањето, доставуваат документација наведена во Kонкурсот (глава VII), а се пријавуваат во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, во роковите утврдени со Конкурсот.


РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ

 
  Прв рок Втор рок Трет рок За странски студенти
Пријавување на кандидатите 18.8. и 19.8.2026 10.9. и    11.9.2026 23.9.2026 до 29.9.2026
Објавување резултати од успехот од средно образование (прелиминарна ранг-листа) 24.8.2026 15.9.2026    
Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа) 27.8.2026 17.9.2026   до 30.9.2026
Запишување на кандидатите 3.9. и 4.9.2026 21.9.2026 28.9.2026 1.10.2026
   

  • ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ    
Заинтересираните кандидати за сите прашања може да се обратат до Oдделението за студентски прашања и Продеканот за настава на Факултетот за земјоделски науки и храна, на следните електронски адреси: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете .   

Сите информации околу студиските програми (ФЗНХ Факултет за земјоделски науки и храна - Студии (ukim.edu.mk)) на Факултетот за земјоделски науки и храна, условите и начинот на студирање може да се добијат на www.fznh.ukim.edu.mk        

Факултет за земјоделски науки и храна- Скопје

Универзитет„Св. Кирил и Методиј" во Скопје






nasoki.jpg

plakat.jpg


elektronski-upisi-1-strana_small.jpgelektronski-upisi-strana-2_small.jpg
 


ВИДЕО: Пример упатство за пополнување на online пријава за запишување напрв циклус-додипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје
НАПОМЕНА: Иако на видео записот е прикажана постапката за упис на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, таа е иста за сите факултети на УКИМ, со тоа што најпрво се избира соодветниот факултет.







 
Младите инженери се наша иднина ... | Испечати |


Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје  

dekan_milemarkoski.jpgМногубројни се предизвиците со кои се соочува агрономската професија, која е на пресврт заради глобалната криза и се поголемата потреба за производство на храна, во согласност со еколошките стандарди, како што е наведено во Зелениот план на ЕУ. Климатските промени и деградацијата на животната средина се егзистенцијална закана за Европа и светот.

Примената на новите технологии доведе до фактот дека човекот е се повеќе менаџер кој управува со сите процеси, како во примарното производство, така и во процесите на преработувачката индустрија и производството на храна. 

Иако се чини дека тоа не е нешто што може да се проучува, реалноста е сосема поинаква. Во земјоделството секогаш ќе има работа, а неговиот развој секогаш ќе се прилагодува на потребите на човекот. Токму затоа, повеќе од било кога на државата и се потребни млади стручни кадри- земјоделски инженери. 

Студиите на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје се организирани преку 10 акредитирани студиски програми на прв циклус (додипломски) студии. 

Од академската 2024/2025 година, за прв пат во 77 години постоење на Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје, акредитираме нова студиска програма - интердисциплинарни студии по Дигитално земјоделство, единствена од ваков вид во земјава. Студиската програма е  поддржана од неколку факултети (ФИНКИ, ФЕИТ, Машински факултет, ПМФ) во рамки на УКИМ, и претставува предизвик за сите млади кои имаат афинитет кон природните науки, областите на информатичката технологија, машинството и автоматизацијата. 

На светот му е потребен систем на одржливо производство на храна што ќе користи земја, вода и други ресурси на поефикасен начин и со тоа ќе ја намали употребата на фосилни горива, што драстично ќе ги намали емисиите на гасови и ќе го намали ефектот на стаклена градина, и ќе ја зачува биолошката разновидност, ќе го намали количеството на отпад... 

Забрзаниот пораст на населението во глобални рамки, развојот на индустриските и технолошките области, зголеменото искористување на природните ресурси создаваат сериозни еколошки проблеми кои се закана за човештвото. Затоа, само со примена и комбинација на посовремени технологии од различни области ќе можеме да ги оптимизираме производните процеси, зголемиме приносите, а истовремено да зборуваме за одржливо земјоделство кое ќе обезбеди храна денес, и ќе остави простор за идните генерации.

За надминување на предизвиците веќе е развиен концептот на прецизно земјоделство, кој вклучува комбинација на различни области од различни науки, со цел да се оптимизираат приносите,а истовремено да се намалат негативните влијанија врз животната средина. Затоа, вложувањата во образованието на младите науката и истражувањата треба да се приоритет за државата. 

Сите студиски програми на Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје, имаат свои специфичности во однос на стекнатите компетенции, но сите се подеднакво важни за економијата на нашата земја и по дипломирањето отвораат можност за вработување во различни сектори.   

Скопје,
Декан
Проф. д-р Миле Маркоски
 

Choose Your Language/Избери јазик

Имаме 3 гости на оваа страница

Анкета

Што мислите за новата страна
 

Корисни линкови

     
   
ukim_logo.gif
 
zemjodeslkiinstitut.jpg
 
studentski_parlament.png
 
app_logo.png
 
zaem_banner.jpg
 
  Адреса
Факултет за земјоделски науки и храна
ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3
П. фах 297
1000 Скопје
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP ЗАЕМ Тел: +389 2 3115277

Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk
E-пошта:               contact@fznh.ukim.edu.mk
    СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ      
 ЦИПОЗ