Skip to content

За Факултетот arrow РАСТИТЕЛНО ПРОИЗВОДСТВО
ИНСТИТУТ ЗА РАСТИТЕЛНО ПРОИЗВОДСТВО | Испечати |

ИНСТИТУТ ЗА РАСТИТЕЛНО ПРОИЗВОДСТВО

Наставно-научната и апликативната дејност на Институтот се фокусира на одгледување на растенијата и примена на биотехнологијата во растителното производство. Опфтени се областите од поледелството, градинарството и цвеќарството, генетиката и селекцијата на растенијата и агрометеорологијата. Студиските програми се фокусираат на различни технологии за производство на: поледелски култури, тутун, зеленчук и цвеќе и нивната интеракција со животната средина, нагласувајќи ги агроклиматски фактори и биодиверзитетот. Растителната генетика се фокусира на генетската варијабилност на земјоделските култури и како нивните особини може да се подобрат преку селекција. Образованието и истражувањето од областа на селекцијата и растителната биотехнологија, имаат стратешко значење за зајакнување и развој на долгорочна конкурентност на индустријата.

КАТЕДРИ:

  • Катедра за агрометрологија,
  • Катедра за генетика и селекција,
  • Катедра за градинарство и цвеќарство,
  • Катедра за преработка на поледелски производи,
  • Катедра за специјално поледелство


СТУДИСКИ ПРОГРАМИ
Диплома (8 семестри)
Поледелство
Студентите запишани во оваа студиска програма се здобиваат со знаења во областа на поледелското производство, физиологијата на растенијата, модерните агротехнички практики, заштитата на растенија,генетиката и селекцијата на растенијата, како и за основата на нивните преработки.

Хортикултура Модул: Градинарство и цвеќарство, Модул: Хортикултура
Главната цел на студиската програма е да ги подготви студентите со теоретски и практични вештини за производство на зеленчук, цвеќе и декоративни растенија, со професионален пристап во користењето на природните ресурси и заштитата на животната средина.

Преработка на земјоделски производи - растително производство
Дипломираните студенти на оваа студиска програма постигнуваат стручност и компетентност во областа на растителната биотехнологија, преработките на храна, исхраната, физичко-хемиските својства на суровините за преработка, технологијата за производство на храна од растително потекло, како и безбедноста и квалитетот на храната.

Магистерски студии (2 и 4 семестри)
Растителна биотехнологија. Модули: Поледелство, Градинарство и цвеќарство, Генетика и селекција на растенија, Преработка на поледелски производи, Органско растително производтсво, Хортикултура во заштитени простори.

Докторски студии (6 семестри): Растителна биотехнологија 

 

Катедра за генетика и селекција

Катедра за градинарство и цвеќарство

Катедра за агрометеорологија

Катедра за преработка на поледелски производи


Катедра за специјално поледелство

Лаборанти

  • Оливера Бојчевска, Лаборант; Област: Генетика и селекција; Е-пошта: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
  • д-р Игор Иљовски, Виш лаборант; Област: Индустриски култури,;Заштитени простори;Зеленчук; Е-пошта: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

 






Прочитај повеќе...
 

Choose Your Language/Избери јазик

Акредитации

Акредитации

Анкета

Што мислите за новата страна
 

Корисни линкови

     
   
ukim_logo.gif
 
zemjodeslkiinstitut.jpg
 
studentski_parlament.png
 
app_logo.png
 
zaem_banner.jpg
 
  Адреса
Факултет за земјоделски науки и храна
ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3
П. фах 297
1000 Скопје
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP ЗАЕМ Тел: +389 2 3255100
Факс +389 2 3134310
Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk
E-пошта:               contact@fznh.ukim.edu.mk
    СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ      
 ЦИПОЗ