Skip to content

За Факултетот arrow Листа на лаборатории
Листа на лаборатории
LaBEES | Испечати |
Лабораторија за бихејвиористички и експериментални економски науки (LaBEES – Скопје)
Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Раководител на лабораторијата: проф. д-р Марина Нацка



2025-06-24_6.jpgЛабораторијата за бихејвиористички и експериментални економски науки (LaBEES) претставува прв истражувачки капацитет од ваков вид во Западен Балкан, основан со цел систематско проучување на човечкото однесување и донесување на одлуки во економски контексти. Фокусот на лабораторијата е насочен кон земјоделска економија, однесувањето на потрошувачите и дизајнирање на јавни политики засновани на емпириски докази.

LaBEES е опремена со 11 компјутерски станици кои функционираат преку специјализираниот софтвер zTree, а управувањето со регрутацијата на учесници се врши преку системот ORSEE. Во наредниот период се предвидува проширување на капацитетите со дополнителна опрема и биометриска технологија за напредни бихејвиористички истражувања.
Преку контролирани лабораториски и теренски експерименти, лабораторијата генерира научни сознанија за процесот на одлучување кај земјоделците, потрошувачите и креаторите на јавни политики. Истражувањата се базираат на напредни алатки како што се Qualtrics, oTree и Stata, обезбедувајќи висококвалитетна анализа на податоци.

LaBEES воспостави стратешка соработка со реномирани лаборатории, како што се оние во Атина, Загреб и Тексас A&M Универзитетот, како и со релевантни институции, агробизниси и носители на одлуки во земјата. Лабораторијата претставува академска и иновациска платформа за интердисциплинарни истражувања, обука на студенти и развој на политики засновани на наука и податоци.





Повик за студентите за регистрација и учество во истражувања:

Почитувани студенти,

Во рамките на нашиот факултет, спроведуваме истражувања кои вклучуваат студенти од ФЗНХ, студенти од други факултети на УКИМ и членови на пошироката јавност.

За овие истражувања, се бара да учестувате во анкети кои се спроведуваат во Лабораторијата за бихејвиористички и екпериментални економски науки на ФЗНХ (кабинет бр. 64). Алтернативно, може да учествувате и онјалн. Најчесто учеството се компензира со паричен надоместок, а има и можност да заработите повеќе во текот на истражувањето.

За да учествувате во овие истражувања, прво мора да се регистрирате на следната платформа:

p.s 1: Првиот чекор е да се регистрирате, а понатаму времето и датумот на вашето учество ќе бидат одредени преку понатамошна електронска комуникација и само доколку изберете да учествувате во истражувања.
p.s 2: Откако ќе се регистрирате, ќе добиете е-пошта за потврда. Ако не ја добиете е-поштата за потврда, можеби се случила една од двете работи:
а) Пораката отиде во вашата спам папка.
б) Погрешно ја внесовте вашата е-пошта и ќе треба да го повторите процесот на регистрација.

Ви благодариме многу и се надеваме на Ваша поддршка преку регистрација и учество во научно-истражувачката работа на ФЗНХ.


Прочитај повеќе...
 
Прирачник за почвени анализи, M.Маркоски, T.M. | Испечати |
Прирачник за почвени анализи, Автори:  Маркоски Миле, Миткова Татјана, Скопје 2013

 
 
Компјутерска лабораторија | Испечати |
Компјутерска лабораторија

Контакт:
Ива Максимовска
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

КОМПЈУТЕРСКА ЛАБОРАТОРИЈА

Намена и опис на компјутерската лабораторија

Во рамките на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, УКИМ во Скопје, постојат поголем број лаборатории, за кои е потребна најсовремена, стабилна и безбедна информатичка- комуникациска опрема за подобра комуникација, автоматска обработка на податоци, презентација на резултатите од истражувањата и полесен достап до информации и податоци, заштедувајќи време и потрошен материјал и достапност на информациите до пошироката јавност.

lab.jpg

Водејќи се од стратегија на Владата, за развојот на научно-истражувачката работа и програмата за опремување на лаборатории со цел зајакнување на научно-истражувачката и апликативната инфраструктура на државните високообразовни и јавните научни установи, се опреми–компјутерска лабораторија достапна за студентите, професорите и другите вработени на Факултетот.

Компјутерската лабораторија е достапна за поголем број на клиенти (студенти, професори, асистенти, лаборанти, истражувачи и др.).

Компјутерската лабораторија ќе биде достапна за јавните високообразовни установи и јавни научни установи; приватни високообразовни установи и приватни научни установи; физички лица и фирми.

Со имплементирањето на оваа лабораторија се обезбедува можност за  компатибилност и комуникација со другите држави, спремност за произведување кадар способен за современа научна-истражувачка работа, зголемување на продуктивноста во истражувачката работа, оспособување на истражувачкиот кадар за брзо одлучување и предлагање на одлуки, обезбедување интерактивна настава со користење на модерната информатичка технологија како наставна алатка за обука на идните кадри, модернизација на ИТ сервисите што ги користат студентите и вработените, а со тоа и подобро функционирање на Факултетот.


Опрема и просторни капацитети:

Просторија опремена со 20 Персонални компјутери Lenovo Thinkcentre CPU Intel core i5, со монитор  Lenovo ThinkVision 17'', Lenovo Soundbar Speakers, NIC 1000Base-T, WiFI

Мрежна опрема:

Linksys SRW2024G 1000Base-T

Linksys WRT54GL

Серверска просторија:

Rack:

Сервер IBM System x3650 M3

UPS

 

Интернет пристап е обезбеден од Универзитетската компјутерска мрежа.

За повеќе информации: http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=57&glavno=49


Подготвено од Ива Максимовска, 2011

 

 
Лабораторија за контрола на млеко и млечни производи | Испечати |
Лабораторијата располага со вкупна површина од 20м2 и е лоцирана на вториот кат од Факултетот за земјоделски науки и храна.

Поважна опрема

  • Лактоскан;
  • Шарм Луминатор;
  • Гербер центрифуга;
  • Аналитичка вага;
  • Водено купатило;
  • Сушница.
Прочитај повеќе...
 
Лабораторија за анализа на добиточна храна | Испечати |
Лабораторијата располага со вкупна површина од 40м2 и е лоцирана на првиот и вториот кат од Факултетот за земјоделски науки и храна.

Поважна опрема

  • Аналитичка вага;
  • Технички ваги (2);
  • Лабораториски сушници (2);
  • Водено купатило;
  • Муфолни печки (2);
  • Апарат за дестилација на вода;
  • Дигестори (2);
  • Kjeldahl апарат за вкупен азот;
  • Soxllet апарат за масти;
  • Сет за сурово влакно.


Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 15 од 16

Choose Your Language/Избери јазик

Промотивно видео

Анкета

Што мислите за новата страна
 
Стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“

Еразмус

opitnopole.png

Корисни линкови

     
   
ukim_logo.gif
 
zemjodeslkiinstitut.jpg
 
studentski_parlament.png
 
app_logo.png
 
zaem_banner.jpg
 
  Адреса
Факултет за земјоделски науки и храна
ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3
П. фах 297
1000 Скопје
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP ЗАЕМ Тел: +389 2 3115277

Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk
E-пошта:               contact@fznh.ukim.edu.mk
    СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ      
 ЦИПОЗ