LaBEES | | Испечати | |
Лабораторија за бихејвиористички и експериментални економски науки (LaBEES – Скопје)
Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Раководител на лабораторијата: проф. д-р Марина Нацка
![]() LaBEES е опремена со 11 компјутерски станици кои функционираат преку специјализираниот софтвер zTree, а управувањето со регрутацијата на учесници се врши преку системот ORSEE. Во наредниот период се предвидува проширување на капацитетите со дополнителна опрема и биометриска технологија за напредни бихејвиористички истражувања. Преку контролирани лабораториски и теренски експерименти, лабораторијата генерира научни сознанија за процесот на одлучување кај земјоделците, потрошувачите и креаторите на јавни политики. Истражувањата се базираат на напредни алатки како што се Qualtrics, oTree и Stata, обезбедувајќи висококвалитетна анализа на податоци. LaBEES воспостави стратешка соработка со реномирани лаборатории, како што се оние во Атина, Загреб и Тексас A&M Универзитетот, како и со релевантни институции, агробизниси и носители на одлуки во земјата. Лабораторијата претставува академска и иновациска платформа за интердисциплинарни истражувања, обука на студенти и развој на политики засновани на наука и податоци.
Повик за студентите за регистрација и учество во истражувања:
Почитувани студенти, Во рамките на нашиот факултет, спроведуваме истражувања кои вклучуваат студенти од ФЗНХ, студенти од други факултети на УКИМ и членови на пошироката јавност. За овие истражувања, се бара да учестувате во анкети кои се спроведуваат во Лабораторијата за бихејвиористички и екпериментални економски науки на ФЗНХ (кабинет бр. 64). Алтернативно, може да учествувате и онјалн. Најчесто учеството се компензира со паричен надоместок, а има и можност да заработите повеќе во текот на истражувањето. За да учествувате во овие истражувања, прво мора да се регистрирате на следната платформа: p.s 2: Откако ќе се регистрирате, ќе добиете е-пошта за потврда. Ако не ја добиете е-поштата за потврда, можеби се случила една од двете работи: а) Пораката отиде во вашата спам папка. б) Погрешно ја внесовте вашата е-пошта и ќе треба да го повторите процесот на регистрација.
Ви благодариме многу и се надеваме на Ваша поддршка преку регистрација и учество во научно-истражувачката работа на ФЗНХ.
![]() ![]() ![]() ![]() ![]()
|
РАСТИТЕЛНО ПРОИЗВОДСТВО |
ОВОШТАРСТВО,ЛОЗАРСТВО И ВИНАРСТВО |
АНИМАЛНА БИОТЕХНОЛОГИЈА |
ХРАНА |
ЖИВОТНА СРЕДИНА |
ЗАШТ. НА РАСТ. И ЗЕМЈ. ТЕХНИКА |
АГРОЕКОНОМИКА |
Центар за кариера |
Акредитации |
Листа на лаборатории |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Адреса Факултет за земјоделски науки и храна ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3 П. фах 297 1000 Скопје |
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ | УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ | СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ | AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP | ЗАЕМ | Тел: +389 2 3115277 Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk E-пошта: contact@fznh.ukim.edu.mk |
СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ | |||||
ЦИПОЗ |