Skip to content

За Факултетот arrow Центар за кариера
Центар за кариера | Испечати |

 

Во периодот април- јуни 2025 година Факултетoт за земјоделски науки и храна Скопје при УКИМ во Скопје организираше практична настава во соработка со АД АЛАЈАНС УАН МАКЕДОНИЈА, Кавадарци- Акционерско друштво за производство, откуп, ферментација и промет на тутун што ја посетуваа група студенти на студиските програми поледелство и заштита на растенијата–фитомедицина, по предметот ,,Производство на тутун”.

Студентите работеа под менторство на проф. д-р Ромина Кабранова и колешката Билјана Филџанова Алтанова и имаа можност да се стекнат со нови искуства, применат практични вештини и ги поврзат со теоретски стекнатите знаења за производството на тутун и предизвиците со кои што се соочуваат производителите.

Студентите работеа на различни локации и посетија тутунопроизводители од Велешкиот реон и од реонот на Свети Николе, како и капацитетот за обработка на тутун во Кавадарци.

Искрена благодарност до Алајанс Уан Кавадарци за довербата, укажаната можност за соработка и значајната поддршка на практичната настава и развојот на студентите на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје како неизоставен дел од образовниот процес.
1.jpg



picture1.png
picture2.png

На 19 јуни, 2025 година на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје во состав на УКИМ се одржа работна средба со Дејана Лазиќ - координатор на Центарот за развој на кариера и советување на студенти на Универзитетот во Белград, Србија со Управата на Факултетот.  Потоа од страна на Центарот за кариера на ФЗНХ во состав на Центарот за кариера на УКИМ беше организиран и состанок со претставници од Центрите за кариера од единиците на Кампусот за земјоделски и ветеринарни науки на кој се разменија искуства од работењето на центрите, практичните искуства од страна на Центарот за кариера на Универзитетот во Белград и се дискутираше за можностите за соработка и интензивирање на истата во периодот кој претстои. Благодарност до сите студенти и професори за покажаниот интерес.

Picture of Meeting 1Picture of meetingsPicture of Meeting 3




Фондацијата „Атанас Близнакоф“ во соработка со Фондацијата МК2025 објавува повик за доделување на стипендии за академската 2025/2026 година!

🎓 Стипендиите се наменети за редовни студенти запишани на прв циклус студии на УКИМ.
💵 Вредност на стипендијата: 2.500 УСД годишно!
 📅 Краен рок за аплицирање: до 30 август 2025
 🖥 Аплицирај тука: 👉 https://e-scholarship.macedonia2025.com/#/scholarship-details/21

✅ Кој може да аплицира?
 • Ученици што се запишуваат како редовни студенти во прва година при УКИМ
 • Средношколци со просек од најмалку 4.0
 • Кандидати чие семејство има вкупен бруто приход под 800.500 денари во 2024 година
 • Кандидати кои не добиваат друга стипендија над 6000 денари
 • Државјани на Р.С. Македонија

🔍 Сите информации, упатства и листа на документи може да ги најдете на следниот линк
 

Аплицирај и направи го првиот чекор кон извонредна иднина!

#macedonia2025 #mk2025education #mk2025leadershipdevelopment #mk2025scholarships

bliznakof.jpg

 



 
< Претходно   Следно >

Choose Your Language/Избери јазик

Акредитации

Акредитации
Имаме 2 гости на оваа страница

Анкета

Што мислите за новата страна
 

Корисни линкови

     
   
ukim_logo.gif
 
zemjodeslkiinstitut.jpg
 
studentski_parlament.png
 
app_logo.png
 
zaem_banner.jpg
 
  Адреса
Факултет за земјоделски науки и храна
ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3
П. фах 297
1000 Скопје
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP ЗАЕМ Тел: +389 2 3115277

Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk
E-пошта:               contact@fznh.ukim.edu.mk
    СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ      
 ЦИПОЗ