Skip to content

За Факултетот arrow Наука и апликација arrow Kурсеви за компании од секторот овошје и зеленчук
Kурсеви за компании од секторот овошје и зеленчук | Испечати |
Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје во соработка со „АгроНЕТ" - Центар за образовање и истражување, од Република Србија, го спроведуваат проектот „Професионални курсеви за компании од секторот овошје и зеленчук - Зајакнување на капацитетите на локалните мали и средни претпријатија за подобрување на нивниот пристап до регионалните и надворешните пазари", со поддршка на проектот на УСАИД EDGE.

Целта на проектот е да се создадат предуслови за поврзување и поголема конкурентност на македонските и српските компании од секторот производство и преработка на овошје и зеленчук, преку воспоставување институционална врска за поддршка на партнерството на индустријата и образованието преку понуда на кратки стручни курсеви, создадени според реалните потреби на стопанството.



pokana_proekti.jpg

ПОКАНА

за учество на курс на Тема: Производство Преработка и Пласман на Зеленчук и Овошје, Предизвици и Решенија Почитувани, Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје во соработка со „АгроНЕТ" - Центар за образовање и истражување, од Република Србија, го спроведуваат проектот „Професионални курсеви за компании од секторот овошје и зеленчук - Зајакнување на капацитетите на локалните мали и средни претпријатија за подобрување на нивниот пристап до регионалните и надворешните пазари", а со поддршка на УСАИД EDGE. Во рамките на проектот ќе се одржи курс на тема „Производство Преработка и Пласман на Зеленчук и Овошје, Предизвици и Решенија" во период од 21 до 23 Февруари 2024 година во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје. Курсот е наменет за компании/комерцијални производители од секторот овошје и зеленчук. Учесниците преку интерактивни предавања и специфичени примери од практиките во производството преработката и пласманот на зеленчукот и овошјето како и теренски истражувања и вежби ќе се стекнат со вештини кои се базираат на  современи и иновативни пристапи во производството и преработката на зеленчук и овошје, како и  дигиталениот маркетинг, е-трговијата и тн. Целта на курсот е на учесниците да им се овозможи знаење и искуство во областа на производство преработката и пласманот на производите како и поквалитетен маркетинг, видливост и препознавање на нивните производи, поефикасна дистрибуција, намалување на трошоците, зголемување продажбата т.е. раст на профитот.  

Предавачите се Професори од Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје при УКИМ кои се водечки  експерти во своите области, со долгогодишно искуство во работата и учество во успешни проекти  од овие области, како и професори од Универзитетот во Белград - Земјоделски факултет кои се исто така со долгогодишно искуство.  

Учесниците на курсот плаќаат котизација за учество во износ од 1.100,00 денари, која вклучува материјали за курсот, оброци, кафе пауза и Сертификат за учество на курсот.

Котизацијата треба да се уплати  на сметката на Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје, 160010454578810

За учество на курсот Ве молиме пријавете се на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSefW-kPpBO1JtZDa5sPFVl2KyYj3csjJ7okryJKxlb8jm5IUQ/viewform?usp=sf_link  

Локација: Факултет за земјоделски науки и храна Ул. „16-та Македонска Бригада" бр.3 
Краен рок за пријавување (плаќање на котизација) е  15 февруари 2024 година.  
За повеќе информации Ве молиме контактирајте го Проф. д-р Ромина Кабранова и М-р Стојанче Нечковски на следнативе е-маил адреси: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете и Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете    

Со почит,
Факултет за земјоделски науки и храна-Скопје                                                                                                                                                  
Декан
Проф д.р Вјекослав Танасковиќ                                                                                                                        
 
< Претходно   Следно >

Choose Your Language/Избери јазик

Акредитации

Акредитации

Сертификат за акредитација MKC EN ISO/IEC 17025:2018

СЕРТИФИКАТ ЗА АКРЕДИТАЦИЈА БР. ЛТ-о5о, за исполнетост на стандард MKC EN ISO/IEC 17025:2018





Анкета

Што мислите за новата страна
 

Контакт и локација

Контакт и локација

Корисни линкови

     
   
ukim_logo.gif
 
zemjodeslkiinstitut.jpg
 
studentski_parlament.png
 
app_logo.png
 
zaem_banner.jpg
 
  Адреса
Факултет за земјоделски науки и храна
ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3
П. фах 297
1000 Скопје
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP ЗАЕМ Тел: +389 2 3255100
Факс +389 2 3134310
Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk
E-пошта:               contact@fznh.ukim.edu.mk
    СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ      
 ЦИПОЗ