ФЗНХ ВО МАЈ ВО САРАЕВО
Од 18 до 20 мај 2023 година во Сараево се
одржа Меѓународна конференција на биохемичари и молекуларни биолози под
покровителство на Европската Федерација на Биохемиски Друштва (FEBS). На овој
настан учествуваа над 200 научници од 25 земји, а како поканет предавач
учествуваше и Проф. д-р Зоран Т. Поповски од ФЗНХ со презентација на тема:
НЕКОИ МОЛЕКУЛАРНИ, БИОХЕМИСКИ И НУТРИТИВНИ АСПЕКТИ НА ОБЕЗНОСТА – ПРИМЕР ОД
МАКЕДОНИЈА“ во рамки на сесијата за Молекуларна генетика. Покрај проф. Поповски,
пленарни и поканети предавачи на конференцијата имаше уште од: Шпанија, Израел,
Грција, Турција, Србија, Белгија, Словенија, Хрватска, Шкотска, Швајцарија,
Литванија, Германија, Шведска и др.
На 19-ти мај 2023 на Земјоделско –
прехранбениот факултет во Сараево, се одржа предавање од страна на Проф. д-р
Зоран Т. Поповски од ФЗНХ проследено со јавна трибина на тема ГЕНЕТСКИ И
НУТРИТИВНИ ОСНОВИ НА ПРЕКУМЕРНАТА ТЕЖИНА на која зедоа учество вработени
наставници и соработници и студенти од овој факултет. По предавањето следуваше
интерсна дискусија во која учествуваа повеќе присутни.
На овој начин ФЗНХ активно се вклучува во
борбата со прекумерната тежина и обезноста како глобални феномени кои оставаат
сериозни последици во човештвото.
invitation_for_the_conference_in_may_2023