Skip to content

За Факултетот arrow Наука и апликација arrow Настани
Настани
Размена на студенти-Новосибирски Држ. Унив. | Испечати |
Размена на студенти - Новосибирскиот Државен Земјоделски Универзитет

Студенти од Новосибирскиот Државен Земјоделски Универзитет, постдипломката Екатерина Климанова и дипломката Диана Александрова, во периодот фебруари-март, престојуваа на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.

При нивниот престој на Катедрата за биохемија и генетско инженерство, беа вклучени во истражувањата во рамки на проектот Молекуларна карактеризација на хумани гени поврзани со прекумерна тежина и спортски перформанси.

При тоа, самостојно изолираа ДНК, мултиплицираа региони од овие гени и вршеа одредување на полиморфизми кај истите.
Освен во лабораториите на оваа катедра, тие остварија и еднонеделен престој во Центарот за генетско инженерство и биотехнологија „Георги Ефремов“ при МАНУ, а ги посетија и лабораториите за контрола на сточна храна и млеко на нашиот факултет.

Секако, освен работата во лабораториите, Диана и Екатерина имаа можност да се запознаат со убавините на нашата држава и ги посетија кањаонот Матка, планината Водно, градот Радовиш, неколку музеи, спортски натпревар и културни настани. Ваквата соработка меѓу двата универзитети е резултат на долгогодишната работа на проф. д-р Зоран Поповски, редовен професор на ФЗНХ, кој од 2015 година е визитинг професор на Новосибирскиот Државен Земјоделски Универзитет - еден од најдобрите помеѓу 36-те земјоделски универзитети во Руската Федерација.

Овој престој на гостинките од Русија е продолжување на соработката во размена на студенти и наставници помеѓу нашиот факултет и Универзитетот од Новосибирск по минатогодишниот престој на м-р Татиана Коновалова поврзан со истражувања на маркери во овчиот геном. Во рамките на оваа соработка, наесен двајца наши студенти ќе можат да остварат сличен студиски престој на Новосибирскиот Државен Земјоделски Универзитет.

5.jpg

4.jpg

3.jpg

1.jpg




























































2.jpg
 
Пчеларски ден – знаење и дружење 2020 | Испечати |
„Пчеларски ден – знаење и дружење 2020“

Македонското здружение за заштита на автохтоната македонска медоносна пчела (Apis mellifera macedonica) го најавува настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење 2020“. Настанот, кој MacBee веќе традиционално го организира неколку години наназад и овојпат ќе биде од едукативно – информативен и меѓународен карактер со учество на странски експерт од областа на пчеларството и со домашни стручни предавачи. Главен презентер ќе биде гостинот од Австрија, г-ца Ана Пернер, професионален пчелар. Г-ца Пернер има долгогодишно искуство на пчеларење на семејната пчеларска фарма, која е една од најголемите производители на пчелни матици во Австрија. Таа е ангажирана и како секретар во Австриското здружение на одгледувачи на Крањска пчела (ACA). Темата на која ќе презентира г-ца Пернер е „Наш начин на пчеларење“.

Настанот ќе се одржи на 15 декември 2019 година, во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, со почеток во 10:00 часот.



 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 Следна > Крај >>

Резултати 37 - 39 од 39

Choose Your Language/Избери јазик

Акредитации

Акредитации
Имаме 3 гости на оваа страница

Анкета

Што мислите за новата страна
 

Корисни линкови

     
   
ukim_logo.gif
 
zemjodeslkiinstitut.jpg
 
studentski_parlament.png
 
app_logo.png
 
zaem_banner.jpg
 
  Адреса
Факултет за земјоделски науки и храна
ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3
П. фах 297
1000 Скопје
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP ЗАЕМ Тел: +389 2 3115277

Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk
E-пошта:               contact@fznh.ukim.edu.mk
    СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ      
 ЦИПОЗ