Skip to content

За Факултетот arrow Земјоделска техника
Земјоделска техника
ЗЕМЈОДЕЛСКА ТЕХНИКА | Испечати |
КАТЕДРА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКА ТЕХНИКА 
 
Научна дејност

Катедрата за земјоделска техника при Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје располага со лабораторија, вежбална по механизација опремена соzem.tehnika1.gif нагледни средства (пресеци на мотори, механизација, земјоделски машини, како и шеми) со кои е во многу олеснато совладувањето на наставниот план и програм, по одделните предмети при Катедрата за земјоделска техника, како и најсовремена опрема за испитување на експлоатационите карактеристики на одделни погонски и приклучни машини кои се користат за одделни работни процеси во различни земјоделски гранки:

  • Шест каналски електротензиометар, инструмент кој служи за истовремено мерење различни параметри и тоа: хоризонтални и вертикални сили кои влијаат на приклучните машини; сонди за мерење на потрошувачката на гориво; работната температура, работната моментална брзина итн.);
  • Пенетрометар, инструмент за определување на состојбата на почвата (ораничниот слој);
  • Влагомер, инструмент за определување на количеството на влага на почвата со цел квалитетно извршување на одделните работни процеси;
  • Фонометар, инструмент за мерење на бучавата на погонските и приклучните машини при работа;
  • Сонди, инструменти за мерење на количество јаглерод моноксид и јаглерод диоксид од издувните гасови на погонските машини;
  • Манометри и друга опрема.
НАПОМЕНА: Целокупната опрема со која располага Катедрата за земјоделска техника при Факултетот за земјоделски науки и храна е една од најсовремената која овозможува и извршување на хомологација и атестирање на приклучни и погонски земјоделски машини.
 

Меѓународна соработка
  • Меѓународните организации (UNDP, S-FARM; Land O’ Lakes;GTZ; Norges Vel; BIOSAN), како и со Институтот за органско производство во Бари, Италија;
  • Универзитетот во Триездорф, Германија, каде што во соработка со GTZ беше реализирана обука на дваесеттина студенти од насоката земјоделска техника со најсовремените погонски и приклучни машини што се користат во земјоделското производство;
  • Медитеранскиот институт во Ханиа, Крит, Грција; 
  • Универзитети и факултети од земјите во регионот.



Прочитај повеќе...
 

Choose Your Language/Избери јазик

Промотивно видео

Акредитации

Акредитации

Сертификат за акредитација MKC EN ISO/IEC 17025:2018

СЕРТИФИКАТ ЗА АКРЕДИТАЦИЈА БР. ЛТ-о5о, за исполнетост на стандард MKC EN ISO/IEC 17025:2018





Анкета

Што мислите за новата страна
 

Корисни линкови

     
   
ukim_logo.gif
 
zemjodeslkiinstitut.jpg
 
studentski_parlament.png
 
app_logo.png
 
zaem_banner.jpg
 
  Адреса
Факултет за земјоделски науки и храна
ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3
П. фах 297
1000 Скопје
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP ЗАЕМ Тел: +389 2 3255100
Факс +389 2 3134310
Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk
E-пошта:               contact@fznh.ukim.edu.mk
    СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ      
 ЦИПОЗ