КАТЕДРА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКА ТЕХНИКА
Научна дејност
Катедрата за земјоделска техника при Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје располага со лабораторија, вежбална по механизација опремена со нагледни средства (пресеци на мотори, механизација, земјоделски машини, како и шеми) со кои е во многу олеснато совладувањето на наставниот план и програм, по одделните предмети при Катедрата за земјоделска техника, како и најсовремена опрема за испитување на експлоатационите карактеристики на одделни погонски и приклучни машини кои се користат за одделни работни процеси во различни земјоделски гранки:
- Шест каналски електротензиометар, инструмент кој служи за истовремено мерење различни параметри и тоа: хоризонтални и вертикални сили кои влијаат на приклучните машини; сонди за мерење на потрошувачката на гориво; работната температура, работната моментална брзина итн.);
- Пенетрометар, инструмент за определување на состојбата на почвата (ораничниот слој);
- Влагомер, инструмент за определување на количеството на влага на почвата со цел квалитетно извршување на одделните работни процеси;
- Фонометар, инструмент за мерење на бучавата на погонските и приклучните машини при работа;
- Сонди, инструменти за мерење на количество јаглерод моноксид и јаглерод диоксид од издувните гасови на погонските машини;
- Манометри и друга опрема.
НАПОМЕНА: Целокупната опрема со која располага Катедрата за земјоделска техника при Факултетот за земјоделски науки и храна е една од најсовремената која овозможува и извршување на хомологација и атестирање на приклучни и погонски земјоделски машини.
Меѓународна соработка
- Меѓународните организации (UNDP, S-FARM; Land O’ Lakes;GTZ; Norges Vel; BIOSAN), како и со Институтот за органско производство во Бари, Италија;
- Универзитетот во Триездорф, Германија, каде што во соработка со GTZ беше реализирана обука на дваесеттина студенти од насоката земјоделска техника со најсовремените погонски и приклучни машини што се користат во земјоделското производство;
- Медитеранскиот институт во Ханиа, Крит, Грција;
- Универзитети и факултети од земјите во регионот.
|
Прочитај повеќе...
|