ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј" во Скопје, на 12 април 2024 година, во периодот од 11:00 до 15.00 часот, на кампусот на УКИМ на платото на факултетите за општествени науки!
Во рамки на овој настан, пред заинтересираните средношколци, на свој штанд ќе се претстават секој од факултетите и институтите во состав на УКИМ кои ќе ја искористат можноста да ги презентираат своите студиски програми, активностите на студентите и своите центри за кариера.
Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности.
Прошетајте и разгледајте ги штандовите на секој од факултетите и инситутите во состав на УКИМ и дознајте повеќе за можностите кои ви се нудат.
Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!
Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј" во Скопје!
Во чест на 10-те години од работата на ЦЕНТАРОТ ЗА КАРИЕРА НА ФЗНХ, во
состав на ЦЕНТАРОТ ЗА КАРИЕРА НАУКИМ,Ве покануваме на свечен
настан кој ќе се одржи на 25 март, 2024 година (понеделник), во амфитеатар бр.
40 на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје, во состав на
Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје.
Ќе ни претставува особено задоволство заедно да го
одбележиме периодот 2014-2024, во кој Центарот за кариера при ФЗНХ направи
исчекор во соработката со студентите отворајќи им можности за личен и
професионален развој, го приближи земјоделството до сите генерации,
промовирајќи ја струката и своите студенти како важен сегмент за одржливост на
целокупното општество.
Како дел од овој настан ќе имате можност да се запознаете
со д-р Лулзим Адили- фасилитатор, тренер,
консултант за лидерство и говорнички тренер. Препознатлив по креирање на интерактивни средини за учење, поттикнување на учество и индивидуален придонес, човек кој ќе ве поттикне да се
спознаете себе си и вашите можности со цел донесивање најдобри одлуки!!!
Агенда 25 март,
2024
година
АMФИТЕАТАР 40
Официјално отворање
на настанот
11:00 - 11:10
Проф. д-р Вјекослав Танасковиќ - декан на ФЗНХ
10 години Центар за кариера на ФЗНХ
11:10 - 11:30
Проф. д-р Ромина Кабранова - раководител на ЦК на ФЗНХ
Внатрешни стресови и нивно надминување
11:30 - 12.00
Д-р Лулзим Адили
Кратка пауза
12:00 - 12:15
Јавен говор со кредибилитет и говор
на телото
12:15 - 13:00
Д-р Лулзим Адили
BASETM Интерперсонална комуникација
13:00 - 13:45
Д-р Лулзим Адили
Дискусија & затворање на настанот
13:45 -
14:00
Romina
Kabranova PhD
Vice
Dean for Teaching
Faculty
of Agricultural Sciences and Food -Skopje
Macedonia
www.fznh.ukim.edu.mk