Skip to content

About Faculty arrow Science and Application arrow Events
Events
Прв академски час во учебната 2023/2024 година | Print |
There is no translation available at this moment
Прв академски час во учебната 2023/2024 година!

1a.jpgПрвиот  академски час се одржа на Факултетот за земјоделски науки и храна во состав на УКИМ во Скопје денес на 03.10.2023 година (вторник), во амфитеатар 40 со почеток во 10.00 часот.
На првиот академски час покрај Деканот на факултетот проф.д-р Вјекослав Танасковиќ пригодно обраќање имаа и  Ректорот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Републиска Северна Македонија, Г-дин Љупчо Николовски, како и Германскиот Министер за храна и земјоделство, Г-дин Џем Оздемир, кој  ја нагласи потребата и значењето на дипломираните земјоделски инжинери за развој на земјоделскиот сектор во Германија и Европска Унија.

Првиот академски час  се реализира според следнава агенда:
10.10-10.20 Пристигнување на учесниците
10.20-11.10 Официјални обраќања:
Проф. д-р Вјекослав Танасковиќ, Декан на ФЗНХ
 Проф. д-р Билјана Ангелова, Ректор на УКИМ
 Г-дин Љупчо Николовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
 Г-дин Џем Оздемир, Министер за храна и земјоделство на Германија

11.10-11.40 Запознавање на студентите со начинот и условите на студирање на ФЗНХ

Обраќање на продеканот за наука, соработка со стопанството и развој проф. д-р Миле Маркоски и доделување на индексите на 10те најдобри студенти
Обраќање на проф. д-р Ѓоко Буневски, претседател на комисија за спорт и ПСК АГРОМ
Обраќање на претседателот на Факултетското студентско собрание на ФЗНХ

Факултетот за земјоделски науки и храна им посакува топло добредојде, среќен почеток и успех во студирањето на новата генерација на студенти на нашиот факултет.

8a.jpg 9a.jpg  


4a.jpgВо работниот дел се реализираше и состанок на Асоцијацијата на факултети од земјоделските науки од Југо-Источна Европа на кој присуствуваа и ректорката на УКИМ проф.д-р Биљана Ангелова, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г-дин Љупчо Николовски, и германскиот министер за храна и земјоделство г-дин Џем Оздемир кои го истакнаа значењето од регионална соработка меѓу релевантните образовни и научно-истражувачки институции поврзани со секторот земјоделство. Во текот на денот Асоцијацијата го одржа својот редовен состанок на кој се разговараше за тековни теми.

5a.jpg 3a.jpg


2a.jpg

 
ОБУКА-МОЛЕКУЛАРНИ МЕТОДИ ВО ГЕНЕТИКА И СЕЛЕКЦИЈА | Print |
There is no translation available at this moment
ОБУКА ЗА ПРИМЕНА НА МОЛЕКУЛАРНИ МЕТОДИ ВО ГЕНЕТИКА И СЕЛЕКЦИЈА ВО СТОЧАРСТВОТО НА ИНСТИТУТОТ ЗА СТОЧАРСТВО ВО БЕЛГРАД, РЕПУБЛИКА СРБИЈА
2p.jpg

Во текот на месец јули, д-р Зоран Т. Поповски – редовен професор на ФЗНХ и член на Европската академија организираше обука за примена на методи базирани на PCR на Институтот за сточарство во Белград. Обуката се состоеше од теоретски и практичен дел.

Теоретскиот дел опфати содржини поврзани со структурата и функцијата на нуклеинските киселини, потоа теоретски основи за нивна изолација, електрофореза, квантификација, дигестија, мултипликација, хибридизација и секвенционирање, како и содржини поврзани со структурата и функцијата на протеините. Во рамки на овој теоретски дел стана збор и за примената на генетското инженерство во светот на животните, генетските модификации и клонирањето на животните, како и за биоетиката како дисциплина која е основа за соодветна и хумана примена на овие нови технологии во анималното производство. Секоја од овие содржини беше проследена со примери за практична примена на молекуларните методи во различни гранки од сточарството преку т.н. селекција потпопогната со маркери (Marker Assisted Selection – MAS). Теоретскиот дел од обуката траеше 10 часа.

Практичниот дел се состоеше од индивидуална работа на сите 5 млади научници од институтот во: изолација, електрофореза, амплификација и дигестија на ДНК изолирана од крв од овци, а како целни гени кои служеа како маркери се користеа гените за aS1-казеинот и за b-лактоглобулинот. Во текот на практичната работа младите истражувачи се обучија самостојно да изолираат ДНК со примена на соодветен кит, да подготвуваат работни раствори за електрофореза на нуклеинските киселини, да визуелизираат изолирана геномска, ампплифицирана и дигестирана ДНК со примена на агароза гел електрофореза, да подготвуваат протоколи и програми за PCR, односно за амплификација на ДНК и да подготвуваат протоколи и да анализираат дигестирани ампликони преку т.н. RFLP техника. Практичната работа во рамки на обуката се одвиваше во тек на 30 работни часа.

По завршување на обуката беше спроведена анонимна анкета за нејзиниот квалитет, а учесниците добија соодветни сертификати. Истовремено е договорена и долгорочна институционална соработка меѓу Институтот за сточарство од Белград и нашиот факултет.






5.jpg
3.jpg




















2.jpg
1.jpg



















3p.jpg4p.jpg
1p.jpg
 
<< Start < Prev 1 2 3 4 Next > End >>

Results 10 - 18 of 34

Choose Your Language/Избери јазик

Laboratories

Laboratory list

Centers

Career Center

Accreditations

Accreditations
We have 1 guest online

Poll

What do you think about this page?
 

qrcode_for_alumni2024.png

Links

     
   
ukim_logo.gif
 
zemjodeslkiinstitut.jpg
 
studentski_parlament.png
 
app_logo.png
 
zaem_banner.jpg
 
  Адреса
Факултет за земјоделски науки и храна
ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3
П. фах 297
1000 Скопје
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP ЗАЕМ Тел: +389 2 3255100
Факс +389 2 3134310
Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk
E-пошта:               contact@fznh.ukim.edu.mk
    СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ      
 ЦИПОЗ