Skip to content

За Факултетот arrow Студенти arrow Соопштенија/Новости arrow Повик за волонтери: рок до 7.11.2025
Повик за волонтери: рок до 7.11.2025 | Испечати |

1.png2.png

 

 

 

 

ПОВИК  ЗА ВОЛОНТЕРИ   

Канцеларијата на Центарот за кариера на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, во состав на Центарот за кариера на УКИМ во Скопје
објавува отворен повик за ангажирање на студенти - волонтери

✨ Дали сте некој што учествувал или започнал волонтерска работа и со тоа придонел за заедницата? Можеби имате идеи кои сакате да се реализираат?


4.jpg

Критериуми за избор:  искуство не е потребно - тука сте за да стекнете искуство

Потребно е да имате желба за нови знаења и искуства, дружење, активно учество во менувањето и подобрувањето на локалната заедница и општеството, лична и професионална надградба, и да бидете спремни за тимска работа.   

 

Пријавете се на Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете и станете дел од Центарот за кариера на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје, најдоцна до 7.11.2025 година. 

 

🔔 По изборот ќе започнеме со распоредување на членовите според потребите на Центарот за кариера за реализација на планираните активности. 

 

💙 Бидете дел од  Центарот за кариера на ФЗНХ и дознајте повеќе за тоа како и кога можете да ги користите услугите што ги нудиме 💙

 

Центарот за кариера на ФЗНХ обезбедува кариерно насочување и советување на младите луѓе преку активности кои им овозможуваат на младите да ги идентификуваат сопствените способности и компетенции, потреби, интереси и вредности, да се соочат со реалните можности и понуди на пазарот на трудот, да соберат клучни информации за различни занимања и образование, да пробаат различни работни места, да ги споредат своите желби со знаењето што го стекнале за одредени работни места и во однос на реалните услови, околности и можности на пазарот на трудот да донесат одлука за нивната кариера.

Активностите кои се спроведуваат редовно во текот на академската година и се однесуваат на: 

 


  • Професионална пракса за студенти
  • Информации за кариерата 
  • Одржување средби со претставници на бизнис заедницата 
  • Организирање обуки за насочување и советување за кариера и менаџмент на кариера 
  • Работилници за активно барање работа 
  • Промоција на Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје 
  • Промовирање на земјоделската струка и важноста на секторот земјоделство 
  • Одржување релации со АЛУМНИ базата на ФЗНХ 
  • Едукација на младите во градинките, основните и средните училишта и др.

 

 

 
Следно >

Choose Your Language/Избери јазик

Имаме 4 гости на оваа страница

Анкета

Што мислите за новата страна
 

Корисни линкови

     
   
ukim_logo.gif
 
zemjodeslkiinstitut.jpg
 
studentski_parlament.png
 
app_logo.png
 
zaem_banner.jpg
 
  Адреса
Факултет за земјоделски науки и храна
ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3
П. фах 297
1000 Скопје
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP ЗАЕМ Тел: +389 2 3115277

Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk
E-пошта:               contact@fznh.ukim.edu.mk
    СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ      
 ЦИПОЗ