Skip to content

За Факултетот arrow Наука и апликација arrow Наука и апликација arrow Прекуграничен Биосферен резерват Осогово
Прекуграничен Биосферен резерват Осогово | Испечати |
„Физибилити студија за Прекуграничен Биосферен резерват Осогово“, координатори на проектот: проф.д-р Владимир Џабирски 12.05.2014-07.10.2014 и Горан Трајковски од 07.10.2014-12.11.2015




proekt_gt.png




Изработка на Физибилити студија за Прекуграничен биосферен резерват „Осогово“

Регионалната канцеларија во Струмица на Факултетот за земјоделски науки и храна, Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, започна со работа по проектот „Физибилити студија за Прекуграничен биосферен резерват Осогово“, финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија. Водечки партнер во проектот е Бугарската фондација за биоразнообразие од Софија со регионална канцеларија во Благоевград. 

Проектот чини 145 000 евра, од кои 85% европско финансирање и останатите 15% национално. Проектот започна на 12 мај 2014, а ќе трае до 12 ноември 2015 година.


Цел на проектот

Преку проектот ќе се собираат и структурираат податоци кои ќе ја определат можноста на осоговскиот регион да пристапи кон евентуална номинација за биосферен резерват, согласно програмата на УНЕСКО „Човек и биосфера“ (Мan and Biosphere). Задачата на биосферниот резерват не е само зачувување на природните вредности, туку и постигнување на одржливост помеѓу заштитата на природата, економскиот развој и зачувување на културните вредности.

Проектот е сврзан и со иницијативата „Зелен појас“ на Европската Комисија, која се стреми да развие мрежа од прекугранични заштитени територии долж некогашната Железна завеса, а со цел зачувување на биодиверзитетот и одржливиот развој на локалните заедници.

Подалечна цел на проектот е Осогово да стане модел на трансгранична соработка за одржлив развој, кој може да се применува и во други региони.

Активности по проектот

Со цел да се определи можноста Осогово да пристапи кон евентуална номинација за биосферен резерват, предвидени се проучувања на природните, културните и економските потенцијали на регионот како и социо-економски истражувања, кои треба да ја покажат наклонетоста на локалното население и институциите кон воспоставувањето на биосферен резерват. Во рамки на проектот, ќе бидат селектирани експерти кои ќе треба да направат соодветни истражувања за да подготват студии за целата територија на Осогово, од бугарската и македонската страна. Сите сепаратни студии ќе бидат дополнително анализирани и собрани во еден документ кој ќе ја содржи оцената на потенцијалот на Осогово како биосферен резерват и ќе може да се користи понатаму во евентуалното отпочнување на постапката за негово номинирање. Конечната Физибилити студија ќе биде изработена на три јазика: македонски, бугарски и англиски.


Избор на експерти

За потребите на изработка на експертските извештаи кои се однесуваат на темите фауна, флора, шумарство и земјоделство, ФЗНХ на ден 26.12.2014 година преку тендерска процедура ги избра следните експерти:
- Експерт фауна – Методија Велевски
- Експерт флора – Наталија Меловска
- Експерт шумарство – Оливер Аврамоски
- Експерт земјоделство – Васко Хаџиевски

Избор на експерт за компилација на Физибилити студијата
 
За потребите на изработка на компилација на Физибилити студијата за прекуграничниот биосферен резерват Осогово, ФЗНХ на ден 01.06.2015 година преку тендерска процедура го избра следниот експерт:
-         Љубомир Димовски

 

Покана за презентација на резултати од проектот на 11.11.2015 од 11 до 13 часот во просториите на домот на АРМ во Струмица

pdf Покана за завршен настан 510.34 Kb

 

Feasibility Study Osogovo_closing event_report

pdf feasibility_study_osogovo_closing_event_report_en 393.85 Kb

 

 

logo_string_down.jpg



 
Final Reports
Pictures




 
< Претходно   Следно >

Choose Your Language/Избери јазик

Акредитации

Акредитации
Имаме 1 гости(н) на оваа страница

Анкета

Што мислите за новата страна
 

Контакт и локација

Контакт и локација

Корисни линкови

     
   
ukim_logo.gif
 
zemjodeslkiinstitut.jpg
 
studentski_parlament.png
 
app_logo.png
 
zaem_banner.jpg
 
  Адреса
Факултет за земјоделски науки и храна
ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3
П. фах 297
1000 Скопје
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP ЗАЕМ Тел: +389 2 3255100
Факс +389 2 3134310
Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk
E-пошта:               contact@fznh.ukim.edu.mk
    СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ      
 ЦИПОЗ