Skip to content

За Факултетот arrow Студенти arrow Соопштенија/Новости arrow ВАЖНО: Известување за Заклучокот на Владата
ВАЖНО: Известување за Заклучокот на Владата | Испечати |

Известување за Заклучокот на Владата на Република Северна Македонија


Согласно Заклучокот на 11 Седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 25.02.2020 година, Министерството за образование и наука Ви ги доставува следните насоки за итно постапување:

1. ПРЕПОРАКА:

Владата на Република Северна Македонија ги известува сите вработени во високото образование и научните установи, како и сите студенти ДОКОЛКУ во последниве 2 (две) недели патувале или живеат со некој којшто патувал во следниве земји/региони: регионите Ломбардија, Венето, Емилија-Ромања, Пиемонт во Италија, како и Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван, потребно е наредните две недели (започнувајќи од утре - 27.02.2020 година) да бидат ослободени од работни обврски и настава и да не доаѓаат на работно место односно студентите кои патувале во овие региони или живеат со некој кој патувал во овие региони да бидат ослободени од настава.
Доколку во високообразовната установа има вработени или студенти кои патувале во наведените региони или живеат со некој кој патувал во овие региони, потребно е ВЕДНАШ да ги доставите следниве податоци: - дали има такви лица,
- колку има такви лица,
- податоци за истите (име и презиме на вработениот/студентот)
на следнава email адреса: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

Поради тоа, Ве молиме, сите студенти од Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје кои патувале во наведените земји/региони, тоа да го пријават на следната email адреса: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете или Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

2. ЗАДОЛЖЕНИЕ: - Се задолжуваат сите високообразовни и научни установи да ги одложат сите планирани патувања и екскурзии во Република Италија.

3. Министерството за образование и наука АПЕЛИРА континуирано да се следат насоките и препораките од Светската здравствена организација, Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Владата на Република на Северна Македонија.

Повеќе информации за препораките и задолженијата од Владата можете да добиете на следниот линк: https://vlada.mk/node/20317.
 
< Претходно   Следно >

Choose Your Language/Избери јазик

Акредитации

Акредитации

Анкета

Што мислите за новата страна
 

Корисни линкови

     
   
ukim_logo.gif
 
zemjodeslkiinstitut.jpg
 
studentski_parlament.png
 
app_logo.png
 
zaem_banner.jpg
 
  Адреса
Факултет за земјоделски науки и храна
ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3
П. фах 297
1000 Скопје
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP ЗАЕМ Тел: +389 2 3255100
Факс +389 2 3134310
Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk
E-пошта:               contact@fznh.ukim.edu.mk
    СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ      
 ЦИПОЗ