Уписи прв циклус студии 2025-2026 | | Испечати | |
![]() ![]()
ФЗНХ - академска 2025/2026
Извадок од Конкурс ФЗНХ - УКИМ 2025-2026
У П А Т С Т В Оза запишување студентина прв циклус студии во учебната 2025/26 година Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје
Кандидатите за
запишување на прв циклус студии во учебната 2025/2026 година се пријавуваат
за упис преку системот за електронско пријавување - iKnow - www.upisi.ukim.mk . Пријавувањето
веќе е во тек.
Пред терминот на
пријавување, во роковите утврдени со Конкурсот секој заинтересиран кандидат
треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk
и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот, со што автоматски
добива број за електронскопријавување.
Откако кандидатот ќе ги
пополни сите прозорци кои се отвараат во iKnow системот, треба да притисне на
копчето ПРАТИ и со тоа електронската пријава е завршена и комплетирана.
Пред пријавувањето во
роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се
регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од
iKnow-системот. Бројот кој што кандидатот автоматски го добил од системот,
треба да се внесе и во пријавниот лист (образец А1) (број на пријава).
Уписни рокови:
Прв уписен рок 19.08.2025
и 20.08.2025
година
Втор уписен рок 11.09.2025 и 12.09.2025 година
Трет уписен рок 24.09.2025 година
Пријавувањето и поднесувањето
на сите документи
ќе се одвива во Одделението за студентски прашања при
Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје, од 8:00 до 15:00
часот, со физичко присуство.
1.
Пријава
за запишување на факултет (образец А1,
достапен во книжарата на Факултетот)
2.
Универзитетски
пријавен лист (генериран
од iKnow системот,
своерачно потпишан)
3.
Интерен пријавен лист (генериран од iKnow системот, своерачно
потпишан)
4.
Оригинал
свидетелства од сите класови
5.
Документ
за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно
образование),
6.
Извод
од матичната книга на родени
(оригинал)
7.
Доказ за државјанство на РСМ (уверение или
решение) (оригинал)
8.
Изјава за согласност за лични податоци (генерирана од iKnow системот, своерачно
потпишана)
9.
Изјава
за припадност на заедниците, кои не се мнозинство во РС Македонија (генерирана од iKnow системот, своерачно
потпишана)
10.
Потврда
за уплатa:
·
Кандидатите кои
конкурираат за запишување како вонредни
студенти ги доставуваат, освен горенаведените, и следните документи:
- образец М1/М2 нотарски
заверен, или
-
лекарско
уверение за причините наведени во Конкурсот (издадено од З.У. Студентска
поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје).
Кандидатите со завршено средно образование во странство (странски
државјани или државјани на РСМ
со завршено целокупно средно образование во странство) при пријавувањето,
доставуваат документација наведена во Kонкурсот (глава VII), а се пријавуваат во
Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, во роковите
утврдени со Конкурсот.
РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ
Сите
информации околу студиските програми (ФЗНХ Факултет за земјоделски
науки и храна - Студии (ukim.edu.mk)) на Факултетот за земјоделски науки
и храна, условите и начинот на студирање може да се добијат на www.fznh.ukim.edu.mk
Факултет за земјоделски науки и храна- СкопјеУниверзитет„Св. Кирил и Методиј" во Скопје![]() ![]() |
< Претходно |
---|
РАСТИТЕЛНО ПРОИЗВОДСТВО |
ОВОШТАРСТВО,ЛОЗАРСТВО И ВИНАРСТВО |
АНИМАЛНА БИОТЕХНОЛОГИЈА |
ХРАНА |
ЖИВОТНА СРЕДИНА |
ЗАШТ. НА РАСТ. И ЗЕМЈ. ТЕХНИКА |
АГРОЕКОНОМИКА |
Центар за кариера |
Акредитации |
Листа на лаборатории |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Адреса Факултет за земјоделски науки и храна ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3 П. фах 297 1000 Скопје |
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ | УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ | СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ | AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP | ЗАЕМ | Тел: +389 2 3115277 Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk E-пошта: contact@fznh.ukim.edu.mk |
СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ | |||||
ЦИПОЗ |