Skip to content

За Факултетот arrow Студенти arrow Соопштенија/Новости arrow УКИМ и Thrivity 7 Јуни 2022
УКИМ и Thrivity 7 Јуни 2022 | Испечати |
ukim_kariera2022.jpg





















Почитувани студенти,

Со големо задоволство ви го најавуваме целодневниот настан „Ден за кариерен развој"  во оргaнизација на УКИМ и THRIVITY! На 07.06.2022 со почеток од 10:00 до 18:00 часот на платото на УКИМ, повеќе од 25 компании ќе имаат можност да ви ги презентираат своите можности за вработување и практикантство за време и по завршувањето на студиите.
Настанот ќе биде интерактивен, организиравме панел дискусии и кратки мотивациски обраќања со цел да ве инспирираат, насочат и да ви помогнат во вашиот иден кариерен развој. Дополнително имаме штандови за подготовка на професионално CV организирано од THRIVITY, можност за непосреден разговор и кариерно насочување од Асоцијацијата на кариерни советници, директна комуникација со релевантни претставници на компаниите учесници, како и, зона за забава и освежување (организирана од Coca Cola). За време на настанот за добрата атмосфера ќе се погрижат повеќе диџеи.  

Агенда на настанот

09:30 ​Пристигнување на компаниите и нивно сместување

10:00​ Пристигнување на студенти и други поканети гости

10:30 ​Отворање на настанот и кратко претставување на агендата на главна бина
  • Обраќање на ректор
  • Обраќање на раководителот на Центарот за кариера на УКИМ
  • Обраќање на претставник од THRIVITY 
11:00 ​Заедничка обиколка на организаторите и говорниците на сите штандови

11:30 Панел дискусија #1 (Тема: Важноста на практиканството и подготовка за прво вработување на студентите)

12:10 Музички сет #1​

12:30 Мотивациски говор # 1  (COO Sensile Medical Switzerland:  Инспирација за вработување - глобална отвореност на пазарот на труд Inspiration for employment - globally open labor market)

13:00 Панел дискусија #2 (Хибридни професии - новата реалност за младите и за компаниите) Асоцијација на кариерни советници

13:30​ Музички сет #2

14:30​ Мотивациски говор #2 (Развој на компетенции - мостот помеѓу формалното образование и барањата на компаниите) Активатор

14:45​ Музички сет #3

15:30​ Мотивациски говор #3 (Кариерно советување во високото образование - позитивни светски практики) проф. д-р Софија Георгиевска

15:50 ​Музички сет #4  

Компании кои ќе учествуваат на настанот Алкалоид, Раде Кончар, Филип Морис, Реплек, Скопска Пивара, Еуроникел, Мак Прогрес, ПроКредит Банка, Халк Банка, Шпаркасе Банка, Лакталис, Geresheimer, Индитекс, Van Hool, Slice, TaskForce, Нелт, Вива сокови, Веста дрогерија, Рамстор, Адинг, Џонсон Мети, DS Smith, Тиквеш, Макстил 

Се гледаме на 7ми јуни на платото пред УКИМ!
 
< Претходно   Следно >

Choose Your Language/Избери јазик

Акредитации

Акредитации
Имаме 1 гости(н) на оваа страница

Анкета

Што мислите за новата страна
 

Корисни линкови

     
   
ukim_logo.gif
 
zemjodeslkiinstitut.jpg
 
studentski_parlament.png
 
app_logo.png
 
zaem_banner.jpg
 
  Адреса
Факултет за земјоделски науки и храна
ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3
П. фах 297
1000 Скопје
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP ЗАЕМ Тел: +389 2 3255100
Факс +389 2 3134310
Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk
E-пошта:               contact@fznh.ukim.edu.mk
    СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ      
 ЦИПОЗ