Пред терминот на
пријавување, во роковите утврдени со Конкурсот секој заинтересиран кандидат
треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk
и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот, со што автоматски
добива број за електронскопријавување.
Откако кандидатот ќе ги
пополни сите прозорци кои се отвараат во iKnow системот, треба да притисне на
копчето ПРАТИ и со тоа електронската пријава е завршена и комплетирана.
-
ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ
Пред пријавувањето во
роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се
регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од
iKnow-системот. Бројот кој што кандидатот автоматски го добил од системот,
треба да се внесе и во пријавниот лист (образец А1) (број на пријава).
Уписни рокови:
Прв уписен рок 19.08.2025
и 20.08.2025
година
Втор уписен рок 11.09.2025 и 12.09.2025 година
Трет уписен рок 24.09.2025 година
Пријавувањето и поднесувањето
на сите документи
ќе се одвива во Одделението за студентски прашања при
Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје, од 8:00 до 15:00
часот, со физичко присуство.
- ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
1.
Пријава
за запишување на факултет (образец А1,
достапен во книжарата на Факултетот)
2.
Универзитетски
пријавен лист (генериран
од iKnow системот,
своерачно потпишан)
3.
Интерен пријавен лист (генериран од iKnow системот, своерачно
потпишан)
4.
Оригинал
свидетелства од сите класови
5.
Документ
за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно
образование),
6.
Извод
од матичната книга на родени
(оригинал)
7.
Доказ за државјанство на РСМ (уверение или
решение) (оригинал)
8.
Изјава за согласност за лични податоци (генерирана од iKnow системот, своерачно
потпишана)
9.
Изјава
за припадност на заедниците, кои не се мнозинство во РС Македонија (генерирана од iKnow системот, своерачно
потпишана)
10.
Потврда
за уплатa:
·
- Административна
такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска
сметка ; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95;
Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Приходна шифра и програма 722313 00),
- За
пријавување 300,00 денари на
жиро-сметка на ФЗНХ (Образец ПП 50:
Назив на примачот: ФЗНХ; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка
100-0000000-630-95; Сметка на корисник: 1600104545 788 10; Приходна шифра и
програма 723012 41 )
Кандидатите кои
конкурираат за запишување како вонредни
студенти ги доставуваат, освен горенаведените, и следните документи:
- образец М1/М2 нотарски
заверен, или
-
лекарско
уверение за причините наведени во Конкурсот (издадено од З.У. Студентска
поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје).
Кандидатите со завршено средно образование во странство (странски
државјани или државјани на РСМ
со завршено целокупно средно образование во странство) при пријавувањето,
доставуваат документација наведена во Kонкурсот (глава VII), а се пријавуваат во
Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, во роковите
утврдени со Конкурсот.
РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ
НА КАНДИДАТИТЕ
|
Прв рок
|
Втор рок
|
Трет рок
|
За
странски студенти
|
Пријавување на кандидатите
|
19.8. и 20.8.2025
|
11.9. и 12.9.2025
|
24.9.2025
|
до 29.9.2025
|
Објавување резултати од успехот од средно образование
(прелиминарна ранг-листа)
|
26.8.2025
|
16.9.2025
|
|
|
Објавување решение за прием на кандидатите
(конечна ранг-листа)
|
29.8.2025
|
18.9.2025
|
|
до 30.9.2025
|
Запишување на кандидатите
|
4.9. и 5.9.2025
|
22.9.2025
|
29.9.2025
|
1.10.2025
|