Центар за кариера |
Центар за кариера на Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје
Контакт:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
Стратегија на Центарот за кариера на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, (2024 – 2028)
Во периодот април- јуни 2025 година Факултетoт за земјоделски науки и храна Скопје при УКИМ во Скопје организираше практична настава во соработка со АД АЛАЈАНС УАН МАКЕДОНИЈА,
Кавадарци- Акционерско друштво за производство, откуп, ферментација и
промет на тутун што ја посетуваа група студенти на студиските програми
поледелство и заштита на растенијата–фитомедицина, по предметот
,,Производство на тутун”.
Студентите работеа под менторство на проф. д-р Ромина Кабранова и колешката Билјана Филџанова Алтанова и
имаа можност да се стекнат со нови искуства, применат практични вештини
и ги поврзат со теоретски стекнатите знаења за производството на тутун и
предизвиците со кои што се соочуваат производителите.
Студентите работеа на различни локации и посетија тутунопроизводители од
Велешкиот реон и од реонот на Свети Николе, како и капацитетот за
обработка на тутун во Кавадарци.
Искрена благодарност до Алајанс Уан Кавадарци за довербата, укажаната можност за соработка и значајната поддршка на практичната настава и развојот на студентите на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје како неизоставен дел од образовниот процес. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]()
На 19 јуни, 2025 година на Факултетот за земјоделски науки и
храна - Скопје во состав на УКИМ се одржа работна средба со Дејана Лазиќ
- координатор на Центарот за развој на кариера и советување на студенти
на Универзитетот во Белград, Србија со Управата на Факултетот. Потоа
од страна на Центарот за кариера на ФЗНХ во состав на Центарот за
кариера на УКИМ беше организиран и состанок со претставници од Центрите
за кариера од единиците на Кампусот за земјоделски и ветеринарни науки
на кој се разменија искуства од работењето на центрите, практичните
искуства од страна на Центарот за кариера на Универзитетот во Белград и
се дискутираше за можностите за соработка и интензивирање на истата во
периодот кој претстои. Благодарност до сите студенти и професори за
покажаниот интерес.
Фондацијата „Атанас Близнакоф“ во соработка со Фондацијата МК2025
објавува повик за доделување на стипендии за академската 2025/2026
година!
🎓 Стипендиите се наменети за редовни студенти запишани на прв циклус студии на УКИМ. 💵 Вредност на стипендијата: 2.500 УСД годишно! 📅 Краен рок за аплицирање: до 30 август 2025 🖥 Аплицирај тука: 👉 https://e-scholarship.macedonia2025.com/#/scholarship-details/21 ✅ Кој може да аплицира? • Ученици што се запишуваат како редовни студенти во прва година при УКИМ • Средношколци со просек од најмалку 4.0 • Кандидати чие семејство има вкупен бруто приход под 800.500 денари во 2024 година • Кандидати кои не добиваат друга стипендија над 6000 денари • Државјани на Р.С. Македонија 🔍 Сите информации, упатства и листа на документи може да ги најдете на следниот линк Аплицирај и направи го првиот чекор кон извонредна иднина! #macedonia2025 #mk2025education #mk2025leadershipdevelopment #mk2025scholarships
![]()
Информација за настан:
Почитувани студенти, Центарот за кариера при Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) организира иницијатива за уредување на дворот на факултетот со декоративни аранжмани од цвеќе. Доколку имате стари велосипеди од помалите модели кои повеќе не ги користите, ве покануваме да ги донирате за оваа креативна намена. Воедно, ги покануваме сите заинтересирани студенти кои сакаат да станат дел од Центарот за кариера на ФЗНХ да се пријават на e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете . Ви благодариме за вашата поддршка и учество! Центар за кариера ФЗНХ - УКИМ ![]()
Почитувани
студенти,
Ви го најавуваме настанот на тема:
„ПСИХОЛОШКА РЕЗИЛИЕНТНОСТ И ДОБРО МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ" кој ќе се одржи на 28
април, 2025 година (понеделник) со почеток во
12:00
часот, во просторија 25 на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје,
организиран од страна на Центарот за кариера на ФЗНХ во состав на Центарот за кариера на УКИМ во Скопје.
На оваа работилница ќе
имате можност да добиете повеќе информации и да поставите прашања за
тоа како да станете и да останете психолошки отпорни, во разговор со проф. д-р Ана Фрицханд од Институтот за психологија
на Филозофскиот
факултет во Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и
Методиј" во
Скопје.
Ве очекуваме,
ЦЕНТАР ЗА КАРИЕРА НА ФЗНХ
НАСТАНОТ Е НАМЕНЕТ ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ ОД ФАКУЛТЕТИТЕ НА БИОТЕХНИЧКИОТ КАМПУС:
РАБОТИЛНИЦАТА Е
ОРГАНИЗИРАНА ВО СОРАБОТКА СО ЦЕНТАРОТ ЗА КАРИЕРА НА УКИМ И ЦРВЕНИОТ КРСТ НА
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
![]() ![]() ![]()
Проф. д-р Ана Фрицханд е
доктор по психолошки науки.
Работи како редовен професор
на Филозофскиот факултет во Скопје во состав на УКИМ.Добитник на престижната
стипендија Junior Faculty Development Program наменета за млади истражувачи и
универзитетски наставен кадар на Универзитетот во Минесота - Твин Ситис, САД.
Во текот на нејзиниот професионален ангажман била ангажирана
како главен истражувач, надворешен експерт и аналитичар на повеќе национални и регионални
проекти. Актуелен член на УО на Комората
на психолози на РСМ.
Истражувачки интереси: развојна психологија,
применета развојна психологија, психологија на морал, психологија на мирот и
конфликтите.
- Во
рамки на активностите по повод 77 години постоење на Факултетот за земјоделски
науки и храна - Скопје, на 13 декември, 2024 година, во просторот на факултетот
се одржа Саем на кариера каде студентите се сретнаа со дел од компаниите, и
директно се запознаа со потенцијалните работодавачи каде имаат можност да ја
започнат својата професионална кариера.
![]()
- Во
периодот 10-12 декември, 2024 година раководителот на Центарот за кариера на
ФЗНХ во рамки на Центарот за кариера на Универзитетот ,, Св. Кирил и Методиј
" во Скопје проф. д-р Ромина Кабранова реализираше работна средба со
Дејана Лазиќ - директор на Центарот за развој на кариера на Универзитетот во
Белград
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
На средбата се дискутираше за потребата од
јакнење на соработката помеѓу универзитетските Центри за кариера и можноста за
регионално сплотување на земјоделските факултети со цел овозможување размена на
искуства и обезбедување ефективен систем за поддршка на студентите и
дипломираните студенти во развојот на знаењата и вештините кои ќе им бидат
важни при нивното студирање, вработување или понатамошно образование.
Исто така беше одржан состанок во Центарот за
кариерен развој на студентите на Земјоделскиот факултет во Земун, при што со
Вања Ковачевиќ- соработник за маѓународна соработка и односи со јавност беа
разменети искуства се разговараше за моменталната состојба и предизвиците со
кои се соочуваат факултетските центри за кариера и студентите на Универзитетот
во Белград, Србија.
![]() ![]() ![]() ![]()
- На 5 декември, 2024 година Фалултетот за
земјоделски науки и храна беше домаќин на матуранти од средните училишта во
државата кои во рамки на традиционалниот настан ,,Отворен ден на УКИМ"
имаа можност да се запознаат со условите за студирање. Тимот професори и
студенти - волонтери на Центарот за кариера на ФЗНХ ги презентираа
акредитираните студиските програми и ги запознаа учениците со дел од
лабораториите.
На учениците им се обрати и претседателот на Факултетското студентско собрание кој сподели искуства за студирањето на ФЗНХ. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]()
Ве покануваме на предновогодишно
дружење на 25 декември, 2024 година (среда) 11-15 часот, во холот на Факултетот на земјоделски науки и храна- Скопје.
Ќе имате можност да ја проследите изложбата на новогодишни украси изработени од нашите студенти, да пробате домашни колачи, варено вино, топол чај ☕️ и кафе ☕️ и да учествувате во наградна игра.
🎯 Настанот го организира Центарот за
кариера на ФЗНХ како дел од Центарот за кариера на УКИМ во Скопје.
Студенти
пријавете се и бидете дел од оваа работилница која обезбедува сеопфатна
програма дизајнирана да Ве поттикне во потрагата за ваша успешна кариера 🎯
Welcome to our Application
Training Workshop, a comprehensive program designed to empower individuals in
their quest for career success. In today's competitive job market, the ability
to create compelling CVs, motivation letters, and perform well in interviews is
paramount.
Our workshop goes beyond theory,
providing practical, hands-on guidance to help you excel in every step of the
application process. REGISTER here and find more information below.
Your Team of the North Macedonia
Transition support program,
Dimitar Kaljoshevski (
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
)
Повик за волонтери
![]()
Студенти
пријавете се и бидете дел од оваа работилница која обезбедува сеопфатна
програма дизајнирана да Ве поттикне во потрагата за ваша успешна кариера 🎯
Welcome to our Application
Training Workshop, a comprehensive program designed to empower individuals in
their quest for career success. In today's competitive job market, the ability
to create compelling CVs, motivation letters, and perform well in interviews is
paramount.
Our workshop goes beyond theory,
providing practical, hands-on guidance to help you excel in every step of the
application process. REGISTER here and find more information below.
Your Team of the North Macedonia
Transition support program,
Dimitar Kaljoshevski (
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
)
![]() ![]()
ПРВ ЛЕТЕН КАМП
за унапредување на вештините на студентите за КАРИЕРЕН РАЗВОЈБидете дел од групни сесии за групно советување кои ќе бидат од големо значење за да ја пронајдете вашата насока за понатамошен развој на кариерата и кои се можностите за истата. Бидете дел од работилници и панел дискусии со професионалци од областа. Креирајте нови пријателства и професионални врски со колеги, алумни и работодавачи ... мноштво групни игри, забава, прошетки и активности на плажа. Цената за учество на летниот камп за кариерен развој (Сместување за 2 вечери полн пансион (појадок, ручек и вечера) + Превоз + Котизација за школата) = 1800 денари. Пријавување: 20 мај - 10 јуни, 2024 Линк за пријавување во описот во био и на стори објавите кај нас @ussukim и @youthactivelycreateopps Кампот го организира Универзитетско студентско собрание-УКИМ и Центарот за кариера при УКИМ, со поддршка на Активноста на @USAID North Macedonia за млади кои активно создаваат можности - @Youth Actively Create Opportunities, имплементирана од @IESC во партнерство со @Младински образовен форум - МОФ / Youth Educational Forum -YEF и @CEED Hub Skopje |
РАСТИТЕЛНО ПРОИЗВОДСТВО |
ОВОШТАРСТВО,ЛОЗАРСТВО И ВИНАРСТВО |
АНИМАЛНА БИОТЕХНОЛОГИЈА |
ХРАНА |
ЖИВОТНА СРЕДИНА |
ЗАШТ. НА РАСТ. И ЗЕМЈ. ТЕХНИКА |
АГРОЕКОНОМИКА |
Центар за кариера |
Акредитации |
Листа на лаборатории |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Адреса Факултет за земјоделски науки и храна ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3 П. фах 297 1000 Скопје |
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ | УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ | СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ | AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP | ЗАЕМ | Тел: +389 2 3115277 Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk E-пошта: contact@fznh.ukim.edu.mk |
СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ | |||||
ЦИПОЗ |