Skip to content

About Faculty arrow Students arrow News arrow Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината | Print |
There is no translation available at this moment
 

Потсетување за сите квалификувани студенти за подигнување на наменските картички  

Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината 


1.jpg
Студентските денови се неповторливи и вредни, па затоа е потребно да се искористат максимално во поглед на знаењето, а и во поглед на уживањето во истите, секако со помош на друштвото, но и со помош на поддршката од страна на Министерството за образование и наука и Шпаркасе Банка АД Скопје. Во академската 2023/2024 година дел од поддршката за студентите доаѓа во форма на проектот за субвенциониран студентски оброк.  

Октомври е пред нас, месецот кога и официјално започнува користењето на наменските ко-брендирани Visa картички, на Шпаркасе Банка и Министерството за образование и наука, за субвенциониран студентски оброк.  

Шпаркасе Банка АД Скопје ги потсетува сите квалификувани студенти, кои веќе добиле порака од банката со точно место и време за подигнување на својата наменска картичка, истото да го сторат навремено, со цел од месец октомври да можат да ги користат истите на територија на целата држава.  

Секој изминат ден со неподигната картичка значи изгубен оброк.  

Од понеделник, 02.10.2023 година, сите студенти, кои веќе ги подигнале своите картички можат да уживаат во вкусни оброци во академската 2023/2024 година. Картичката ќе може да се користи во сите продажни места низ државата за готова и приготвена храна, ресторани, пекари и маркети.  

Плаќањето пак ќе може да се изврши на ПОС терминал, на било која банка во земјата, инсталиран на продажни места во рамки на дефинираните дејности. 

Оние квалификувани студенти, кои не успеале досега да ги ажурираат своите податоци на онлајн платформата на банката, сѐ уште можат да го направат истото пред да одат да ја подигнат картичката, - и тоа на следниот линк: https://netbanking.mk/portal/studentportal.  

За сите прашања или дополнителни информации, што се поврзани со наменската студентска Visa картичка за субвенциониран студентски оброк, студентите можат да се обратат во секое време на This e-mail address is being protected from spam bots, you need JavaScript enabled to view it , или на https://sparkasse.mk, како и на телефонскиот број 02/308-7360.  

Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината.    

 
< Prev   Next >

Choose Your Language/Избери јазик

Laboratories

Laboratory list

Centers

Career Center

Accreditations

Accreditations
We have 1 guest online

Poll

What do you think about this page?
 

qrcode_for_alumni2024.png

Links

     
   
ukim_logo.gif
 
zemjodeslkiinstitut.jpg
 
studentski_parlament.png
 
app_logo.png
 
zaem_banner.jpg
 
  Адреса
Факултет за земјоделски науки и храна
ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3
П. фах 297
1000 Скопје
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP ЗАЕМ Тел: +389 2 3255100
Факс +389 2 3134310
Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk
E-пошта:               contact@fznh.ukim.edu.mk
    СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ      
 ЦИПОЗ