ФЗНХ
ФЗНХ

Лабораторија

Лабораторија за биологија и селекција на медоносни пчели

Лабораторијата за биологија и селекција на медоносни пчели е основана во 2021 година во рамките на Институтот за анимална биотехнологија при Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Во Лабораторијата се спроведуваат современи фундаментални и применети истражувања во областите на биологијата, репродукцијата, генетското унапредување и здравствената заштита на медоносните пчели.

Институт
Институт за анимална биотехнологија
Област
Анимално производство

Научноистражувачките и стручните активности се насочени кон зачувување на биолошката разновидност, унапредување на пчеларските технологии и развој и спроведување на одгледувачки и селекциски програми. Во рамките на овие активности се применуваат и морфометриски, генетски и етолошки анализи, се одредува нивото на инвадираност со ектопаразити кај медоносните пчели, се врши процена на одгледувачките вредности, инструментално осеменување и економски анализи на пчеларското производство. Капацитетите на Лабораторијата се користат и за долгорочно следење и анализа на загубите на пчелните семејства, како и за спроведување на домашни и меѓународни научноистражувачки и развојни проекти.

Лабораторијата располага со современа лабораториска и нагледна опрема, наменета за реализација на научноистражувачки, стручни и наставно-образовни активности. Во нејзините рамки се одржуваат и два пчеларника со вкупен капацитет од 40 пчелни семејства, кои се користат за научни и применети истражувања, практична настава и стручна обука. Лабораторијата располага и со изолирана оплодна станица. Во состав на Лабораторијата се наоѓа и Паркот на пчелата на површина од 600 м², кој претставува едукативен и демонстративен простор наменет за унапредување на знаењата и подигнување на јавната свест за биологијата, значењето и заштитата на медоносните пчели и другите опрашувачи.

Лабораторијата има значајна улога и во наставно-образовната дејност. Таа обезбедува практична и научноистражувачка едукација на студенти од сите циклуси на студии, организира основни и напредни обуки за пчелари и други стручни лица и придонесува кон создавање и објавување научна, стручна и едукативна литература од областа на пчеларството и биологијата на медоносните пчели.

Тековни и реализирани проекти

  • COLOSS – Prevention of honey bee COlony LOSSes (од 2008), coloss.org
  • BEE-GUARDS – Resilient beekeeping and breeding to safeguard natural genetic resources and pollination services (2023–2027), Horizon Europe, beeguards.eu
  • Insect-IMP – Improved Knowledge Transfer for Sustainable Insect Breeding (2023–2027), COST Action CA22140, cost.eu
  • ADRA Macedonia & ADRA Slovenia – Women Beekeepers as Drivers of Positive Change in North Macedonia (2023–2025, 2026–2028), Slovenian Ministry of Foreign and European Affairs and Slovenian Aid & Partnership
  • BeeConSel – Joint Effort for Honey Bee Conservation and Selection (2020–2023), EEA and Norway Grants Fund for Regional Cooperation, beeconsel.eu
  • EurBeST – Restructuring of the honey bee chain and Varroa resistance breeding & selection programme (2018–2021), European Commission, eurbest.eu

Парк на пчелата

Дрвен павилјон со едукативни табли во Паркот на пчелата
Паркот на пчелата во кругот на Факултетот.Фото: ФЗНХ

Фотографии

Анимална биотехнологија

Други лаборатории на институтот

Сите лаборатории

Приспособи приказ

Изберете како ви е полесно да читате. Поставките се чуваат само на овој уред.

Тема
Големина на текстот
Контраст

Потемни линии и текст, без проѕирни површини.

Читање

Повеќе простор меѓу буквите, зборовите и редовите; без курзив.

Паузирај анимации

Ги запира анимациите и видеото.

Фокус-режим

Без видео, шари и украсни фотографии. Останува само содржината.

Штедлив режим

Без видео и карта; фотографиите се заменуваат со опис.