ФЗНХ
ФЗНХ

Институт

Институт за овоштарство, лозарство и винарство

Истражувач ги мери гроздовите во опитниот лозов насад

Институтот за овоштарство, лозарство и винарство се состои од две катедри: Катедра за овоштарство и Катедра за лозарство и винарство. Наставно-научната и апликативната дејност на Институтот е фокусирана на проучување на овошните видови и виновата лоза, сортиментот и подлогите, системите на одгледување, примената на агротехнички, помотехнички и ампелотехнички мерки, постбербените технологии на овошје и грозје, како и технологијата на преработка и добивање вино и јаки алкохолни пијалоци. Апликативната дејност вклучува контрола на овошен и лозов саден материјал, подигнување и одгледување на расадници, овошни и лозови насади, контрола и испитување на квалитетот на овошје, грозје, вино и јаки алкохолни пијалаци. Институтот е вклучен и во меѓународни и домашни проектни активности.

Катедри
2
Наставници
7
Лаборатории
1

Катедра

Катедра за овоштарство

4 наставници

Катедра

Катедра за лозарство и винарство

3 наставници

Стручни соработници

Лаборанти на институтот

Опитно поле

Ген банка од овошни растенија

Ген банката од овошни растенија е формирана со Решение на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија бр. 109-185/2 од 03.08.2021 година. Со ова Решение лабораторијата за овоштарство на Факултетот за земјоделски науки и храна, во состав на УКИМ, Скопје, е овластена за чување и одржување на референтни примероци од овошни растенија – Ген банка.

Врз основа на јавното овластување на лабораторијата, под раководство на проф. д-р Марјан Кипријановски, на површините на Опитното поле во Долно Лисиче е подигнат и се одгледува овошен насад во кој се чуваат и одржуваат 152 референтни примероци од сорти и подлоги од овошните видови: јаболка, круша, слива, лешник, цреша, вишна, праска, кајсија, бадем, дуња, аронија, шип, мушмула, маслинка и фисташка.

Во Ген банката дополнително се одгледуваат уште околу 150 генотипови од различни овошни видови, од кои најголем дел се автохтони – домашни или одомашени сорти, пред сѐ јаболка и круша.

Овошниот насад – Ген банката, покрај својата основна намена – чување на референтни примероци, служи и како објект каде што студентите се обучуваат за практична примена на помотехничките и агротехничките мерки во овошните насади, следење на фенолошките фази и изучување на карактеристиките на сортиментот од овошните растенија.

Галерија

Фотографии од институтот

Лаборатории

Лаборатории на институтот

Сите лаборатории

Наставен кадар

Сите наставници на Факултетот

Пребарувајте по име, институт, катедра и звање.

Приспособи приказ

Изберете како ви е полесно да читате. Поставките се чуваат само на овој уред.

Тема
Големина на текстот
Контраст

Потемни линии и текст, без проѕирни површини.

Читање

Повеќе простор меѓу буквите, зборовите и редовите; без курзив.

Паузирај анимации

Ги запира анимациите и видеото.

Фокус-режим

Без видео, шари и украсни фотографии. Останува само содржината.

Штедлив режим

Без видео и карта; фотографиите се заменуваат со опис.