ФЗНХ
ФЗНХ

Институт

Институт за храна

Растенија во епрувети, одгледувани во ткивна култура, на бела позадина

Институтот за храна е основан во 2010 година и активно придонесува во образовната, научно-истражувачката и стручно-апликативната дејност на Факултетот. Неговата мисија е развој на знаење и практики кои придонесуваат за производство на квалитетна и безбедна храна, како и за заштита на здравјето на потрошувачите.

Катедри
3
Наставници
7
Лаборатории
1

Во рамките на Институтот функционираат повеќе специјализирани лаборатории опремени за физичко-хемиски, инструментални, ботанички, микробиолошки и сензорни анализи на храната. Во нив студентите од прв циклус студии изведуваат практична настава и стекнуваат вештини за современи аналитички методи, а студентите од втор и трет циклус спроведуваат научно-истражувачка работа во областа на квалитетот и безбедноста на храната.

Институтот учествува во национални и меѓународни истражувачки проекти. Резултатите се презентираат на меѓународни научни собири и се објавуваат во реномирани научни списанија. Меѓународната соработка овозможува и студиски престои и мобилност на наставниот кадар и студентите, со што се унапредуваат нивните компетенции и се зајакнува врската со европскиот истражувачки простор.

Покрај научната и образовната дејност, Институтот соработува со прехранбената индустрија, надлежните институции и други засегнати страни. Таа соработка опфаќа лабораториски анализи, стручни мислења, обуки и поддршка во воведувањето на системи за безбедност и квалитет на храната, во согласност со националната и европската регулатива.

Катедра

Катедра за квалитет и безбедност на храна

3 наставници

Катедра

Катедра за преработка на овошје и зеленчук

2 наставници

Катедра

Катедра за ботаника

2 наставници

Стручни соработници

Лаборанти на институтот

Лаборатории

Лаборатории на институтот

Сите лаборатории

Наставен кадар

Сите наставници на Факултетот

Пребарувајте по име, институт, катедра и звање.

Приспособи приказ

Изберете како ви е полесно да читате. Поставките се чуваат само на овој уред.

Тема
Големина на текстот
Контраст

Потемни линии и текст, без проѕирни површини.

Читање

Повеќе простор меѓу буквите, зборовите и редовите; без курзив.

Паузирај анимации

Ги запира анимациите и видеото.

Фокус-режим

Без видео, шари и украсни фотографии. Останува само содржината.

Штедлив режим

Без видео и карта; фотографиите се заменуваат со опис.