ред. проф. д-р Миле Маркоски
Декан
Катедра за почви
Е-пошта: mmarkoski
Телефон: +389 2 3255 100
Кабинет 74
Консултации: вторник 12:00–14:00, четврток 12:00–14:00
За факултетот
Основан 16.12.1947 · Скопје
Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје е водечка институција во македонското високо образование од областа на земјоделството и храната веќе 79 години.
Ги подготвуваме студентите со знаење, практични вештини и истражувачко искуство за успешна кариера во земјоделството и прехранбената индустрија. Преку квалитетно образование и научно-истражувачка работа, придонесуваме кон развој на општеството и кон поодржлива и попросперитетна иднина на нашата земја.

Факултетот е една од најстарите високообразовни институции во Македонија, кој заедно со Медицинскиот факултет и Филозофскиот факултет е еден од основачите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Факултетот започна со работа во 1947 година под името Земјоделско-шумарски факултет.
Дваесет и осум години подоцна, од овој факултет се издвоија два независни факултети, Земјоделски факултет и Шумарски факултет.
Земјоделскиот факултет во 2004 година е преименуван во Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје.
Факултетот за земјоделски науки и храна е формиран на 16.12.1947 година и е еден од основачите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во својата долгогодишна традиција, Факултетот оствари плодна наставна, научно-истражувачка и апликативна работа, како и активна соработка со домашни и странски сродни институции. Во однос на капацитетите со кадар и опрема, Факултетот е врвна институција од областа на земјоделството и храната.
Потребите за храна и земјоделски култури за индустриски преработки, и во поново време за биогориво, секојдневно се зголемуваат. Стандардите за нивно производство строго се воведуваат и се регулираат. Денес, земјоделството се базира на современа технологија со примена на нови методи и техники. Истовремено, глобален приоритет е одржливото искористување на природните ресурси и заштитата на животната средина. Согласно овие процеси, императив на Факултетот е да оформува академски профил, кој со голема стручност ќе биде оспособен да одговори на барањата во современото земјоделско производство.
Понуда на студии за оформување академски профил, со знаења и вештини кои се неопходни за профитабилно производство и управување со природните ресурси.
Обезбедување научен кадар за успешно вклучување во научно-истражувачката работа од областа на земјоделството, храната и на животната средина.
Понуда на стручен кадар, технички обучени за донесување брзи и правилни технолошки решенија за производство на храна и суровини, организирање и управување со производството.
Имплементација на болоњските принципи во наставата и оформување модел на европското образование.
Осовременување на објектите, лабораториите, опремата и кадарот за настава и научно-истражувачка дејност, како основа за квалитетно образование и стручност.
Трансфер на технологии преку интензивна соработка со земјоделските производители, преработувачки капацитети и сродни институции.
Интеграција во европското образование
Соработка со други образовни и научни институции
Мобилност на студентите и наставниот кадар
Едукација и специфична обука на кадар вработен во директното земјоделско производство, прехранбената индустрија, агенциите за развој на земјоделството, невладини организации и владини институции кои ја креираат политиката во земјоделството
Порака од деканот

Многубројни се предизвиците со кои се соочува агрономската професија, која е на пресврт заради глобалната криза и сѐ поголемата потреба за производство на храна, во согласност со еколошките стандарди, како што е наведено во Зелениот план на ЕУ. Климатските промени и деградацијата на животната средина се егзистенцијална закана за Европа и светот.
Примената на новите технологии доведе до фактот дека човекот е сѐ повеќе менаџер кој управува со сите процеси, како во примарното производство, така и во процесите на преработувачката индустрија и производството на храна.
Иако се чини дека тоа не е нешто што може да се проучува, реалноста е сосема поинаква. Во земјоделството секогаш ќе има работа, а неговиот развој секогаш ќе се прилагодува на потребите на човекот. Токму затоа, повеќе од било кога на државата ѝ се потребни млади стручни кадри – земјоделски инженери.
Студиите на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје се организирани преку 10 акредитирани студиски програми на прв циклус (додипломски) студии.
Од академската 2024/2025 година, за прв пат во 77 години постоење на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, акредитираме нова студиска програма – интердисциплинарни студии по Дигитално земјоделство, единствена од ваков вид во земјава. Студиската програма е поддржана од неколку факултети (ФИНКИ, ФЕИТ, Машински факултет, ПМФ) во рамки на УКИМ и претставува предизвик за сите млади кои имаат афинитет кон природните науки, областите на информатичката технологија, машинството и автоматизацијата.
На светот му е потребен систем на одржливо производство на храна што ќе користи земја, вода и други ресурси на поефикасен начин и со тоа ќе ја намали употребата на фосилни горива, што драстично ќе ги намали емисиите на гасови и ќе го намали ефектот на стаклена градина, и ќе ја зачува биолошката разновидност, ќе го намали количеството на отпад…
Забрзаниот пораст на населението во глобални рамки, развојот на индустриските и технолошките области, зголеменото искористување на природните ресурси создаваат сериозни еколошки проблеми кои се закана за човештвото. Затоа, само со примена и комбинација на посовремени технологии од различни области ќе можеме да ги оптимизираме производните процеси, зголемиме приносите, а истовремено да зборуваме за одржливо земјоделство кое ќе обезбеди храна денес и ќе остави простор за идните генерации.
За надминување на предизвиците веќе е развиен концептот на прецизно земјоделство, кој вклучува комбинација на различни области од различни науки, со цел да се оптимизираат приносите, а истовремено да се намалат негативните влијанија врз животната средина. Затоа, вложувањата во образованието на младите, науката и истражувањата треба да се приоритет за државата.
Сите студиски програми на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје имаат свои специфичности во однос на стекнатите компетенции, но сите се подеднакво важни за економијата на нашата земја и по дипломирањето отвораат можност за вработување во различни сектори.
СкопјеПроф. д-р Миле МаркоскиДекан
Историјат
Пресвртниците во развојот на Факултетот, од основањето до новите студиски програми.
Факултетот е основан во есента 1947 година како Земјоделски факултет, отсек на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје. Заедно со Медицинскиот и Филозофскиот факултет е основач на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Првата диплома на додипломските студии е издадена на 30. XII 1949 година.
Прва зграда на Земјоделско-Шумарскиот факултет
Првата докторска дисертација е одбранета на 28. V 1959 година.
Првата магистерска тема е одбранета на 24. XI 1971 година.
Земјоделско-шумарскиот факултет се дели на два самостојни факултета: Земјоделски и Шумарски.
Земјоделскиот факултет функционира како Работна организација со Земјоделскиот институт, Институтот за сточарство и ветеринарство, Заводот за овоштарство, Заводот за лозарство и Факултетското земјоделско стопанство Трубарево — осум правни лица.
Од почетокот на 1990 година Факултетот работи самостојно со три основни дејности: образовна, научно-истражувачка и апликативна; покрај трите постојни насоки се отвора и општа насока.
Ветеринарната насока функционира во рамките на Факултетот и натаму се оформува во самостоен Ветеринарен факултет.
Се оформува нова насока – Земјоделска техника.
Наставата се организира на 10 насоки; Факултетот е меѓу првите 4 факултети на УКИМ што го воведоа кредит трансфер системот.
Во февруари 2004 година Земјоделскиот факултет го промени името во Факултет за земјоделски науки и храна.
Дисперзирана настава на градинарско-цвеќарската насока во Струмица.
Јубилејна публикација „70 Година Факултет за земјоделски науки и храна-Скопје 1947-2017“.
Публикација „75 Години ФЗНХ“.
Од академската 2024/2025 година – нова интердисциплинарна студиска програма Дигитално земјоделство, поддржана од ФИНКИ, ФЕИТ, Машинскиот факултет и ПМФ.
Јубилеј – осум децении од основањето на ФЗНХ (1947–2027).
Видео
70 години ФЗНХ
Филмот по повод седумдесетгодишнината на Факултетот (1947–2017): историјатот и деканите, наставата, лабораториите и студентите.

Деканат
Декан
Катедра за почви
Е-пошта: mmarkoski
Телефон: +389 2 3255 100
Кабинет 74
Консултации: вторник 12:00–14:00, четврток 12:00–14:00
Продекан за настава
Катедра за фитопатологија
Е-пошта: bkuzmanovska
Телефон: +389 2 3255 100
Кабинет 125
Консултации: вторник 12:00–14:00, четврток 12:00–14:00
Продекан за наука и соработка со стопанството и развој
Катедра за овоштарство
Е-пошта: arsovt
Телефон: +389 2 3255 100
Кабинет 41
Консултации: понеделник 08:30–10:30, четврток 08:30–10:30

дипломирани студенти
магистри на науки
доктори на науки
специјалисти
Библиотеката на Факултетот има фонд од над 120.000 списанија и 28.000 книги и монографии од домашни и странски автори. Библиотеката има добиено статус на национален AGRIS Центар за Република Северна Македонија. Центарот овозможува соработка со светски научни институции и индексирање на македонските автори во меѓународни бази на податоци. Библиотеката е полноправна членка на системот COBISS.MK.
Развојни единици
Опитното поле – ФЗНХ е друштво формирано од страна на Факултетот, на кое на располагање му се дадени 74 хектари земјоделско земјиште доделено од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Универзитетот, со намена за остварување на основната дејност на Факултетот, односно спроведување на практична и теренска настава на студентите, научно-истражувачка и апликативна работа.
Друштво за применети истражувања и перманентно образование во земјоделството
За подобро искористување на човечките и техничките ресурси, Факултетот за земјоделски науки и храна, во март 2002 година одлучи да ги зголеми своите активности преку создавање на истражувачко-образовен центар на самоодржлива основа, а со основна цел да се создаде институција која ќе работи во областа на земјоделството, со зголемени истражувачки активности за подобрување на практични знаења на студентите и земјоделците.
Центарот за кариера при Факултетот за земјоделски науки и храна е главната врска меѓу студентите и бизнис-секторот. Центарот за кариера одржува контакти со студентите кои дипломирале на ФЗНХ (алумни), но, посветен е и кон идните генерации студенти.
Квалитет
Системот за обезбедување и унапредување на квалитетот на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје е составен дел од системот за обезбедување квалитет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и се спроведува во согласност со универзитетските акти, стандарди и постапки за обезбедување и унапредување на квалитетот.
Во рамките на Факултетот е формиран Совет за квалитет во состав од пет члена: три професори на Факултетот, еден студент и еден претставник на стопанството.
Студии
29 студиски програми на прв, втор и трет циклус студии.