Студенти
Алумни на ФЗНХ
Целта на регистрацијата во базата Алумни – ФЗНХ е поврзување на сите генерации дипломирани студенти на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје (Земјоделски факултет) во состав на УКИМ во Скопје, со цел да се постигне нивна постојана и взаемна корист и соработка.
Цел на Алумни
Самата цел на Алумни е да одржува врска помеѓу факултетот и дипломираните студенти, за да можат да ги информираат за нивните планови и да ги вклучат сите оние кои сакаат да помогнат во развојот и унапредувањето на угледот на факултетот.
Како можат да помогнат поранешните студенти
Поранешните студенти можат да помогнат во:
- промоцијата на самиот факултет
- градење и зајакнување на врските и соработката помеѓу поранешните студенти и Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје
- зачувување на традицијата на ФЗНХ
- поттикнување и унапредување на стручните и научните активности на членството
- унапредување на угледот на ФЗНХ во нашата држава и во светот
- грижа за развојот и напредокот на ФЗНХ
- поттикнување и воспоставување на врски и соработка помеѓу ФЗНХ и слични образовни, развојни и истражувачки институции во нашата држава и во светот
- унапредување на угледот на агрономската професија
- заштита на професионалните интереси на поранешните студенти на факултетот
- поттикнување на јавното научно и стручно мислење и гледишта за сите важни прашања од развојот на земјоделството како и неговата примена
- поттикнување на разбирањето и усвојувањето на професионалните етички вредности
- воспоставување и развој на соработка со слични здруженија
Промоции на дипломираните студенти
Пријава за членство
Лица
ред. проф. д-р Ромина Кабранова
Раководител на Центарот за кариера
Е-пошта: romina
@fznh.ukim.edu.mk Телефон: +389 2 3255 100
Кабинет 162
Консултации: вторник 09:00–11:00, среда 09:00–11:00
Документи
Датум:
Отвори:
Ажурирано на
Студентски прашања
Имате прашање?
Одделението за студентски прашања помага со уписот, заверката на семестарот, потврдите и уверенијата.



