Можности за вработување во земјоделскиот сектор – состојба и препораки за примарните производители, агробизнис секторот и младите од Пелагониски регион, се едни од резултатите на проектот Иновации во агробизнисот: Пат за одржлив економски развој – Renaissance, финансиран од програмата Interreg IPA CBC Грција – Република Северна Македонија 2014-2020 година, имплементиран од Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје во соработка со Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството (АПРЗ), под координаторство на проф. д-р Ивана Јанеска Стаменковска.
Презентацијата на резултатите, како и обуката за советниците од АПРЗ беа реализирани од страна на дел од експертите во проектот, проф. д-р Јован Аждерски, проф. д-р Марина Нацка, проф. д-р Ана Симоновска и проф. д-р Емељ Туна.






