ФЗНХ
ФЗНХ

За факултетот

Самоевалуација

Самоевалуацијата претставува составен дел од системот за обезбедување и унапредување на квалитетот на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје и се спроведува во согласност со актите и постапките за обезбедување квалитет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Процесот на самоевалуација

Преку процесот на самоевалуација се врши систематско следење, анализа и оценување на квалитетот на наставно-образовната, научноистражувачката и применувачката дејност, студиските програми, наставниот кадар, студентите, ресурсите и условите за реализација на дејноста на Факултетот.

Самоевалуацијата ја спроведува Комисијата за самоевалуација на ФЗНХ, врз основа на утврдени критериуми, индикатори и релевантни податоци. Резултатите од самоевалуацијата служат за утврдување на состојбите, идентификување на областите за подобрување и дефинирање мерки и активности за понатамошно унапредување на квалитетот.

Извештаите од самоевалуацијата претставуваат основа за планирање и следење на активностите во рамките на системот за квалитет на Факултетот.

Членови на Комисијата

ЧленУлога во Комисијата
проф. д-р Мирјана ЈанкуловскаПретседател
проф. д-р Душица СантаЧлен
проф. д-р Мирјана С. ЈанкуловскаЧлен
проф. д-р Фросина Бабановска-МиленковскаЧлен
проф. д-р Кочо ПорчуЧлен

Комисијата ја сочинуваат и двајца претставници на студентите.

Лица

Документи

Ажурирано на

Контакт

Контакт

Адресата, телефоните и е-адресите на Факултетот се на страницата за контакт.

Приспособи приказ

Изберете како ви е полесно да читате. Поставките се чуваат само на овој уред.

Тема
Големина на текстот
Контраст

Потемни линии и текст, без проѕирни површини.

Читање

Повеќе простор меѓу буквите, зборовите и редовите; без курзив.

Паузирај анимации

Ги запира анимациите и видеото.

Фокус-режим

Без видео, шари и украсни фотографии. Останува само содржината.

Штедлив режим

Без видео и карта; фотографиите се заменуваат со опис.