Соработка
Меѓународна соработка и мобилност

Образовната интернационализација е овозможена преку програмите за мобилност ERASMUS+ и CEEPUS, како и преку директните билатерални договори со други високообразовни институции.
Мобилност на студентите и на вработените
На овој начин на студентите им се овозможува развој на компетенциите и тоа во однос на комуникацијата, соработката, креативноста и решавањето проблеми, односно компетенции што се од суштинско значење за правилно функционирање во општество, кое станува сѐ поглобално. Од друга страна, вработените на Факултетот имаат можност преку овие програми да ги надградат своите знаења и вештини на престижни високообразовни универзитети од Европа и светот.
Erasmus+
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје успешно се реализира програмата Erasmus+ на Европската Унија во областа на високото образование, која овозможува соработка и размена на студенти и кадар помеѓу партнерски универзитети во Европа.
Во рамки на програмата Erasmus+, на УКИМ се распишуваат годишни конкурси за реализација на мобилности на студенти и наставен кадар, на високо-образовни и научни институции во Европа, со кои се склучени Erasmus договори за соработка.
CEEPUS
Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје дел од три меѓународни CEEPUS мрежи
Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, активно учествува во три меѓународни академски мрежи во рамките на програмата CEEPUS (Central European Exchange Programme for University Studies), кои отвораат нови можности за академска мобилност и меѓународна соработка.
Во академската 2026/2027 година, Факултетот е вклучен во следните мрежи:
- HU-0003 – Agriculture and Environment in the 21st Century – @groen
- SI-1817 – Tourism and Agriculture Sustainable Alliances – #TASA
- SI-2023 – Innovative Biosciences for Sustainable Agriculture in Southeast Europe (Umbrella Network)
Преку учеството во овие мрежи, на студентите и наставниот кадар им се отвораат можности за студиски престои, размена на знаења и искуства, наставни и истражувачки активности на партнерски универзитети во земјите од Централна и Источна Европа.
Со ова, Факултетот продолжува да ја зајакнува својата меѓународна соработка, да ја поттикнува академската мобилност и да придонесува кон унапредување на квалитетот на високото образование и научноистражувачката дејност.
Повеќе информации за можностите за мобилност и аплицирање се достапни на официјалната страница на CEEPUS.
Документи
Ажурирано на
Лаборатории
Лабораториите на Факултетот
Акредитирани и научноистражувачки лаборатории, со анализите што ги вршат.


