Соработка
Соработка со стопанството

Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје посветува особено внимание на развивањето и унапредувањето на соработката со стопанскиот сектор, со цел поврзување на науката, образованието и практиката.
Партнерства и трансфер на знаење
Преку партнерства со компании, земјоделски стопанства, институции и други релевантни организации, Факултетот поттикнува трансфер на знаење и технологии, реализација на заеднички научноистражувачки и развојни проекти, стручни анализи, консултантски услуги и практична обука на студентите.
Нашата цел е создавање силна и одржлива врска меѓу академската заедница и стопанството, која ќе придонесе за развој на иновациите, зголемување на конкурентноста на земјоделско-прехранбениот сектор и обезбедување висококвалификувани кадри подготвени да одговорат на современите предизвици на пазарот на трудот.
Соработка со Пивара Скопје
Анализи за стопанството
| Анализа | Лабораторија или погон | За кого |
|---|---|---|
| Анализа и супер анализа на добиточна храна; контрола на увезена добиточна хранаЛабораторија или погон: Л-01За кого: МЗШВ, Државен инспекторат за земјоделство, фарми, фабрики за добиточна храна, млинарска, пекарска и слаткарска индустрија | Л-01 | МЗШВ, Државен инспекторат за земјоделство, фарми, фабрики за добиточна храна, млинарска, пекарска и слаткарска индустрија |
| Анализи на млеко и млечни производиЛабораторија или погон: Л-02За кого: производители на млеко и млечни производи, фарми, прехранбена индустрија | Л-02 | производители на млеко и млечни производи, фарми, прехранбена индустрија |
| Испитување на квалитет на семеЛабораторија или погон: Л-03За кого: трговски друштва за промет со семе и пестициди, производители на семенски и посадочен материјал | Л-03 | трговски друштва за промет со семе и пестициди, производители на семенски и посадочен материјал |
| Анализи на почва и ѓубриваЛабораторија или погон: Л-04 (и Лабораторија за агрохемија)За кого: приватен и општествен земјоделски сектор, увозници на минерални ѓубрива | Л-04 (и Лабораторија за агрохемија) | приватен и општествен земјоделски сектор, увозници на минерални ѓубрива |
| Анализи на тутунЛабораторија или погон: Л-05За кого: тутунска индустрија, државни органи, инспекциски органи | Л-05 | тутунска индустрија, државни органи, инспекциски органи |
| Официјални анализи на вино; контрола и супер анализи во надворешнотрговски прометЛабораторија или погон: Л-06За кого: винарска индустрија, МЗШВ | Л-06 | винарска индустрија, МЗШВ |
| Адитиви во безалкохолни пијалаци, метанол и виши алкохоли, остатоци од пестицидиЛабораторија или погон: Л-07За кого: производители на пијалоци и храна, инспекциски органи | Л-07 | производители на пијалоци и храна, инспекциски органи |
| Истражување на потрошувачи, вреднување на производи, ex-ante тестирање на политикиЛабораторија или погон: LaBEESЗа кого: компании, производители, институции, креатори на политики | LaBEES | компании, производители, институции, креатори на политики |
| Развој и експериментална изработка на нови подготовки и производи од месоЛабораторија или погон: Погон за преработка на месоЗа кого: индустријата за месо и компаниите што дистрибуираат зачини, адитиви и други додатоци | Погон за преработка на месо | индустријата за месо и компаниите што дистрибуираат зачини, адитиви и други додатоци |
| Обуки за пчелариЛабораторија или погон: Лабораторија за биологија и селекција на медоносни пчелиЗа кого: пчелари | Лабораторија за биологија и селекција на медоносни пчели | пчелари |
| Семепроизводство и расадничко производство (регистриран производител)Лабораторија или погон: Опитно поле – ФЗНХЗа кого: земјоделци | Опитно поле – ФЗНХ | земјоделци |
Ажурирано на
Лаборатории
Лабораториите на Факултетот
Акредитирани и научноистражувачки лаборатории, со анализите што ги вршат.


