ФЗНХ
ФЗНХ

Л-07 · Акредитирана лабораторија

Лабораторија за хемиска анализа на примарни земјоделски производи и нивни преработки

Лабораторијата за хемиска анализа на примарни земјоделски производи и нивни преработки (Л-07) функционира во рамките на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Нејзините активности опфаќаат хемиски анализи за оценување на квалитетот и безбедноста на храната, разработка и валидација на аналитички методи, како и научноистражувачка, апликативна и образовна дејност.

Институт
Институт за храна
Област
Храна и пијалоци

Лабораторијата поседува сертификат за акредитација, издаден од Институтот за акредитација на Република Северна Македонија, согласно со барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018. Акредитираните методи опфаќаат определување на адитиви (ацесулфам К, натриум сахарин, аспартам, кофеин, натриум бензоат и калиум сорбат) во безалкохолни пијалаци и други прехранбени производи, како и определување на метанол и други виши алкохоли во алкохолни пијалаци.

Други хемиски анализи

Покрај акредитираните методи, во лабораторијата се изведуваат и други хемиски анализи кои имаат придонес во одредување на квалитетот и безбедноста на храната, како што се:

  • Основни физичко-хемиски параметри значајни за квалитетот на прехранбените производи
  • Определување на различни хемиски компоненти, особено биоактивни компоненти во земјоделски производи и нивни преработки
  • Определување на остатоци од пестициди во примероци од овошје, зеленчук и вода и др.

Настава и услуги

Во лабораторијата се реализира практична настава за студентите од прв, втор и трет циклус студии, како и истражувања во рамките на дипломски, магистерски и докторски трудови. Лабораториската инфраструктура е достапна и за научноистражувачки и апликативни активности на истражувачи од Факултетот и од други институции.

Аналитичките услуги на лабораторијата се од значење за производителите на земјоделски и прехранбени производи, особено на безалкохолни и алкохолни пијалаци, инспекциските органи, научноистражувачката и академската заедница, како и потрошувачите.

Фотографии

Опрема

Лабораторијата располага со современа аналитичка опрема, вклучувајќи:

  • Течен хроматограф (HPLC)
  • Гасен хроматограф (GC)
  • Ротоевапоратор
  • Аналитичка вага
  • pH-метар
  • Центрифуга
  • Ултразвучна бања
  • Магнетна мешалка
  • Електронска пипета и друга придружна опрема

Сите лаборатории

Приспособи приказ

Изберете како ви е полесно да читате. Поставките се чуваат само на овој уред.

Тема
Големина на текстот
Контраст

Потемни линии и текст, без проѕирни површини.

Читање

Повеќе простор меѓу буквите, зборовите и редовите; без курзив.

Паузирај анимации

Ги запира анимациите и видеото.

Фокус-режим

Без видео, шари и украсни фотографии. Останува само содржината.

Штедлив режим

Без видео и карта; фотографиите се заменуваат со опис.