Наука и апликација
Погон за преработка на месо
Погонот за преработка на месо е лоциран во подрумскиот дел на Факултетот за земјоделски науки и храна. Опремен е за реализација на практична настава, стручни обуки и научноистражувачка работа, како и за спроведување на експерименталниот дел на дипломски, магистерски и докторски трудови.
Развој на нови производи
Дејноста опфаќа и развој, експериментална изработка на нови подготовки и производи од месо за потребите на индустријата за месо и компаниите што дистрибуираат зачини, адитиви и други додатоци наменети за примена во индустријата за месо.

Поважна опрема
- Машина за мелење месо (Кончар)
- Кутер (Mado)
- Полнилка (Tre Spade)
- Ледомат (Scotsman)
- Атмос уред (Хран Механика)
- Мешалка (Vakona)
- Машини за вакуум-пакување
- Фрижидери
- Ваги
- Прирачен алат
- Инјектор за салумура
Активности
Изработка на подготовки и производи од месо за наставни и научноистражувачки цели.
Дејност
- Реализација на практична настава од областа на технологијата на месо и преработките од месо
- Научноистражувачка работа во областа на преработките на месо
- Реализација на експерименталниот дел на дипломски, магистерски и докторски трудови
- Развој на формулации и експериментална изработка на подготовки и производи од месо
- Испитување на влијанието на суровинскиот состав и технолошките постапки врз квалитетот на готовите производи
Лабораторија
Лица
ред. проф. д-р Златко Пејковски
Редовен професор
Е-пошта: zpejkovski
@fznh.ukim.edu.mk Телефон: +389 2 3255 100
Кабинет 122
Консултации: вторник 13:00–15:00, среда 13:00–15:00
доц. д-р Александра Силовска-Николова
Доцент
Е-пошта: silovska
@fznh.ukim.edu.mk Телефон: +389 2 3255 100
Кабинет 121
Консултации: вторник 13:00–15:00, среда 13:00–15:00
Ажурирано на
Лаборатории
Лабораториите на Факултетот
Акредитирани и научноистражувачки лаборатории, со анализите што ги вршат.




