ФЗНХ
ФЗНХ

Л-06 · Акредитирана лабораторија

Лабораторија за испитување на грозје, вино и алкохолни пијалоци

Лабораторијата припаѓа на Катедрата за лозарство и винарство. Основна дејност на лабораторијата е изведување физичко-хемиски анализи на вино, што претставува и главен опсег на нејзината акредитација. Покрај анализите на вино, во лабораторијата се вршат и физичко-хемиски анализи на гроздова шира и алкохолни пијалаци.

Институт
Институт за овоштарство, лозарство и винарство
Област
Храна и пијалоци

Од 2024 година, покрај акредитацијата, лабораторијата е и официјално овластена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за вршење официјални физичко-хемиски анализи на вино.

Сите анализи се изведуваат согласно методологиите препорачани од Меѓународната организација за лозата и виното (OIV), со што се обезбедува високо ниво на точност, сигурност и меѓународна споредливост на добиените резултати.

Анализите на виното и јаките алкохолни пијалаци се изведуваат според меѓународно признаените методите на OIV (Office International of vine and wine).

Анализи

  • Хемиски состав на грозје, вино и алкохолни пијалаци
  • Органолептичка оцена на грозје, вино и алкохолни пијалаци
  • Анализа на фенолниот состав на белите и на црвените вина

Фотографии

Дејност

  • Научни проекти од областа на винарството и алкохолните пијалаци
  • Анализи за винарската индустрија
  • Контрола на квалитетот и супер анализи на виното и алкохолните пијалаци во надворешно трговскиот промет

Овластувања

  • Од 2024 година официјално овластена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за вршење официјални физичко-хемиски анализи на вино

Сите лаборатории

Приспособи приказ

Изберете како ви е полесно да читате. Поставките се чуваат само на овој уред.

Тема
Големина на текстот
Контраст

Потемни линии и текст, без проѕирни површини.

Читање

Повеќе простор меѓу буквите, зборовите и редовите; без курзив.

Паузирај анимации

Ги запира анимациите и видеото.

Фокус-режим

Без видео, шари и украсни фотографии. Останува само содржината.

Штедлив режим

Без видео и карта; фотографиите се заменуваат со опис.