Центарот за кариера при ФЗНХ Скопје во организација со ЗГ Нова Креатива Скопје, на 24 ноември 2026 година во просторија 14 на ФЗНХ Скопје, организира прва обука за производство на стандардизирано вино со минимум додадени хемиски средства, наменета за студенти и млади фармери.

Овој настан претставува дел од активностите на Еразмус+ проектот CAAIVE, во кој ФЗНХ при УКИМ во Скопје е лидер за 4-те партнери од Македонија, во кој партнери се и ЗГ Нова Креатива Скопје, КИЦ Емкице и Југоисточен плански регион од Струмица.

Обуката овозможи директно да се запознаат заинтересираните млади фармери и студенти со стандардизирана технологија на производство на домашно вино, со минимум користени хемиски средства, а по европскиот концепт „Од нива до трпеза“.

По теоретската обука следуваа решавање задачи, нормирање стандарди за млади вина со минимум хемиски средства, а со задржување на лековитите својства на грозјето.

Следеше доделување сертификати во областа на „Алгоритам за производство на стандардизирано вино за мали семејни винарии“ со минимум додадени хемиски средства, како и дегустација на 4 различни млади вина добиени по оваа технологија, кои беа оценувани од учесниците на оваа обука по нивните сензорни особини.