Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје покани на презентација на адаптивните мерки и истражувачките полиња во рамките на проектот КЛИМАГРИ, на 16 и 17 јули 2026 година, на Опитното поле на Факултетот во Долно Лисиче.

Првата теренска посета на демонстрациските опити е во рамките на проектите „Адаптација на климатските промени во земјоделството: дисеминација и зголемување на примената на најдобри практики“ и „Пилот демонстративен проект за адаптација на климатските промени во земјоделството и промоција на одржливи практики“.