ФЗНХ
ФЗНХ

Л-05 · Акредитирана лабораторија

Лабораторија за тутун и производи од тутун

Лабораторијата за тутун и производи од тутун е акредитирана согласно стандардот МКС EN ISO/IEC 17025. Лабораторијата постои од преселувањето на Факултетот во сегашната зграда (1966/67 година) и е лоцирана на вториот кат на Факултетот за земјоделски науки и храна, во просторија со површина од 36 м².

Институт
Институт за растително производство
Област
Семе и растително производство

Во лабораторијата се врши испитување на примероци, односно соодветна, сеопфатна, навремена и квалитетна лабораториска анализа на примероци доставени од инспекциски органи, правни и физички лица.

Најчесто се вршат

  • испитување на физичките својства на различни тутунски суровини – водозадржувачки капацитет, содржина на главното ребро, фракционен состав, определување на типот и класата на тутунот и содржина на примеси од неорганско, природно и вештачко потекло
  • определување на органолептичките својства – визуелни и дегустативни карактеристики на тутунските суровини и различни тутунски и сродни производи
  • определување на минерални материи (пепел) во тутунот
  • определување на pH-вредност

Анализи

  • Определување на квалитетните својства на тутунско семе (влага, чистота, апсолутна маса, хектолитарска маса, енергија на ’ртење и вкупна ’ртливост)
  • Физички карактеристики на тутунската суровина (водозадржлива способност, содржина на главно ребро, фракциски состав, утврдување на типот и класата на тутун, содржина на примеси од органско, неорганско, природно и вештачко потекло)
  • Определување на органолептичките својства (визуелни и дегустативни карактеристики) на тутунската суровина и тутунските и сродни производи
  • Мувлосаност на тутунот

Фотографии

Поважна опрема

  • Термостати
  • Сушница
  • Печка за жарење
  • Влагомер Кетт Т-22
  • Дестилатор за вода
  • Ваги
  • pH-метар

Дејност

Дејноста на лабораторијата за тутун се реализира преку:

  • Научни и апликативни проекти од областа на агротехниката, селекцијата, обработката и фабрикацијата на тутунот
  • Анализи за тутунската индустрија и државни органи
  • Вештачења од областа на тутунот и растителното производство
  • Изработка на стручни мислења

Растително производство

Други лаборатории на институтот

Сите лаборатории

Приспособи приказ

Изберете како ви е полесно да читате. Поставките се чуваат само на овој уред.

Тема
Големина на текстот
Контраст

Потемни линии и текст, без проѕирни површини.

Читање

Повеќе простор меѓу буквите, зборовите и редовите; без курзив.

Паузирај анимации

Ги запира анимациите и видеото.

Фокус-режим

Без видео, шари и украсни фотографии. Останува само содржината.

Штедлив режим

Без видео и карта; фотографиите се заменуваат со опис.