ФЗНХ
ФЗНХ

Конкурси и стипендии

Половина уписнина за студенти од еднородителски семејства 2026/2027

Интерен оглас на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста да плаќаат половина од износот на уписнината за прв циклус студии во учебната 2026/2027 година.

Право на учество има секој студент државјанин на Република Северна Македонија што го запишал зимскиот семестар на прв циклус студии во учебната 2026/2027 година, а има само еден родител запишан во изводот од матичната книга на родените, починат родител или родител што го загубил родителското право.

Пријавата, со документите во PDF-формат, се доставува до претседателот на Комисијата на Факултетот, на објавената електронска адреса, најдоцна до 14 октомври 2026 година. Бруцошите во неа го наведуваат вкупниот број поени со кои се запишале, а студентите од повисоките години – просечниот успех од положените испити.

Ранг-листите се објавуваат најдоцна до 20 октомври 2026 година, приговор може да се поднесе до 28 октомври, а конечната ранг-листа се објавува најдоцна до 9 ноември 2026 година.

Повеќе информации: стипендии и погодности на Универзитетот.

Прилози

Приспособи приказ

Изберете како ви е полесно да читате. Поставките се чуваат само на овој уред.

Тема
Големина на текстот
Контраст

Потемни линии и текст, без проѕирни површини.

Читање

Повеќе простор меѓу буквите, зборовите и редовите; без курзив.

Паузирај анимации

Ги запира анимациите и видеото.

Фокус-режим

Без видео, шари и украсни фотографии. Останува само содржината.

Штедлив режим

Без видео и карта; фотографиите се заменуваат со опис.