Општо
Центар за кариера: интерактивна работилница „Грижата за себе започнува со грижата за сопственото здравје“ на 5 ноември 2026
Центарот за кариера на Факултетот организира интерактивна работилница „Грижата за себе започнува со грижата за сопственото здравје“ на 5 ноември 2026 година, со почеток во 12 часот, во амфитеатарот 36.
Во тек на интерактивната работилница дознајте зошто е толку важна пораката „M says: CHECK YOUR BOOBS“. Раното откривање може да спаси живот!!! LOOK, FEEL, CHECK.
За тоа што претставува превентивата и кои се предизвиците со кои може да се соочи секој еден, лично, како член на семејството или во блиската околина, ќе зборува д-р Соња Јованоска, специјалист радиолог. Своето долгогодишно искуство како радиолог и предавач за Медицинската школа од Кембриџ во Англија несебично го споделува и како едукатор за лекарите од општа пракса во Македонија и пошироко во регионот. Основач е на Здружението за борба против рак на дојка „Марија – провери се!!!“
„Секоја приказна е уникатна, секое патување е важно“: www.emro.who.int/breast-cancer-awareness-month/2026. Повеќе за Центарот и за неговите активности има на страницата Центар за кариера.


