FZNH
FZNH

Përmbajtja e kësaj faqeje është në gjuhën maqedonase.

Л-01 · Акредитирана лабораторија

Лабораторија за анализа на храна за животни

Лабораторијата врши анализи во согласност со најновите достигнувања во методите и опремата за испитување, барањата на лабораторискиот стандард ISO/IEC 17025 и принципите на Добрата лабораториска практика (GLP). Сите анализи се спроведуваат со примена на валидирани методи и во согласност со националните и меѓународните стандарди, како и со важечката законска регулатива и регулаторните барања.

Instituti
Instituti për Bioteknologji Shtazore
Fusha
Prodhimtaria shtazore

Основната мисија на лабораторијата е поддршка на наставно-образовниот процес за студентите од прв, втор и трет циклус на студии. Покрај тоа, лабораторијата активно придонесува кон научноистражувачката дејност преку учество во национални и меѓународни истражувачки проекти, истовремено развивајќи соработка со стопанството и обезбедувајќи применети услуги за клиенти од приватниот сектор, државни институции, невладини организации, земјоделци, здруженија на производители и други заинтересирани страни.

Лабораторијата е вклучена и во решавање на предизвици поврзани со управувањето со квалитетот и безбедноста во системите за анимално производство, вклучително и специфични испитувања и анализи кои се спроведуваат на сточарски фарми и во објекти за производство на добиточна храна.

Активностите се насочени кон процена и унапредување на квалитетот и безбедноста на добиточната храна, како и нејзината усогласеност со релевантните регулаторни барања и стандарди во секторот, со што лабораторијата придонесува кон одржливо и ефикасно сточарско производство.

Анализи

  • Влага (првобитна и хигроскопна)
  • Суров пепел
  • Сурови протеини
  • Сварливи протеини
  • Амонијачен азот
  • Сурови масти
  • Сурово влакно
  • Испарливи масни киселини
  • rN
  • NDF
  • ADF
  • Скроб
  • Шеќери
  • Уреаза
  • Калциум
  • Фосфор
  • Натриум

Fotografi

Дејност

  • Анализа и супер анализа на добиточна храна (овластена лабораторија од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ)
  • Контрола на квалитетот на увезената добиточна храна во РМ (ангажирана од Државниот инспекторат за земјоделство)
  • Анализи на крмите од сточарските фарми и фабриките за добиточна храна
  • Анализи за млинарската, пекарската и слаткарската индустрија

Опрема

  • Аналитичка вага
  • Технички ваги (2)
  • Лабораториски сушници (2)
  • Водено купатило
  • Муфолни печки (2)
  • Апарат за дестилација на вода
  • Дигестори (2)
  • Kjeldahl апарат за вкупен азот
  • Soxllet апарат за масти
  • Сет за сурово влакно

Овластувања

  • Овластена лабораторија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за анализа и супер анализа на добиточна храна
  • Ангажирана од Државниот инспекторат за земјоделство за контрола на квалитетот на увезената добиточна храна

Përshtat pamjen

Zgjidhni si ju është më e lehtë të lexoni. Cilësimet ruhen vetëm në këtë pajisje.

Tema
Madhësia e tekstit
Kontrasti

Vija dhe tekst më të errët, pa sipërfaqe të tejdukshme.

Leximi

Më shumë hapësirë midis shkronjave, fjalëve dhe rreshtave; pa shkronja të pjerrëta.

Ndalo animacionet

I ndalon animacionet dhe videon.

Regjimi i fokusit

Pa video, motive dhe fotografi dekorative. Mbetet vetëm përmbajtja.

Regjimi i kursimit

Pa video dhe hartë; fotografitë zëvendësohen me përshkrim.