FZNH
FZNH

Përmbajtja e kësaj faqeje është në gjuhën maqedonase.

Studentët

Qendra për karrierë

Центарот за кариера при Факултетот за земјоделски науки и храна е главната врска меѓу студентите и бизнис-секторот. Центарот за кариера одржува контакти со студентите кои дипломирале на ФЗНХ (алумни), но, посветен е и кон идните генерации студенти.

Што нуди Центарот

Кариерниот центар обезбедува информации што ќе го олеснат изборот на најсоодветна студиска програма за идните генерации студенти, како и условите за студирање и расположливите капацитети на Факултетот.

Центарот соработува со повеќе од 300 компании од областа на земјоделството и на храната во нашата држава, во кои се реализира 30-дневна практична работа за студентите, преку нивно ангажирање во различни периоди од годината, а во согласност со потребите и барањата на компанијата. На овој начин, студентите се во можност да се здобијат со практично искуство, потребно за нивната идна кариера, остваруваат и директен контакт со потенцијалните работодавци. За сите активности на Центарот за кариера, студентите можат да добијат информации во канцеларијата на центарот на ФЗНХ или преку маил на: kariera@fznh.ukim.edu.mk

Цели

  • Воспоставување на постојана врска помеѓу Факултетот, студентите и бизнис секторот
  • Информирање на студентите за вршење практична настава и организирање контакти со компании кои ги користат современите техники и технологии во областа на земјоделството и производството на храна
  • Олеснување на пристапот на студентите до работодавачите, како и обезбедување информации за можностите за вработување
  • Одржување на соработката со студентите кои дипломирале (алумни), како и зајакнување на нивните активности со Центарот и со Факултетот
  • Промоција на ФЗНХ пред идните студенти, медиумите и други настани
  • Организирање работилници и семинари за студентите, со цел подобрување на нивните вештини, лични карактеристики, комуникација итн
  • Организирање теренски предавања на отворено, професионални посети на саеми, учество на симпозиуми, конгреси, работилници, средби на различни генерации, итн

Стручна пракса

Стручната пракса е задолжителен дел од студиските програми на прв циклус студии, кога тоа е пропишано во акредитацијата на програмата. Се запишува во VIII семестар, носи 4 ЕКТС-кредити и трае 45 работни часа (60 наставни часа). Може да ја запише студент што освоил најмалку 120 ЕКТС-кредити.

Праксата ја организира Факултетот: се врши кај правно лице со кое Факултетот има договор или меморандум за соработка, на Опитното поле – ФЗНХ или во институтите на Факултетот. За неа се одговорни раководителот на Центарот за кариера и носителот на стручната пракса (менторот), кого го избирате при запишувањето. Центарот ја води евиденцијата на правните лица кај кои може да се врши пракса, а свој домаќин можете да предложите преку менторот.

  • Со менторот го избирате домаќинот и се договарате со него за времето на праксата; пред почетокот добивате упатно писмо од Факултетот.
  • Праксата може да се врши во текот на семестарот или во летниот период, по договор со менторот и со домаќинот.
  • За време на праксата водите дневник за реализираната стручна пракса.
  • По завршувањето, на менторот му ги доставувате дневникот и извештајот од домаќинот и усно ја презентирате праксата; менторот ве оценува врз основа на трите.
  • При запишувањето и при презапишувањето на праксата се плаќа осигурување од незгода од 100 денари.

Упатството го донесе Наставно-научниот совет на 21 септември 2026 година и се применува од учебната 2026/2027 година.

Kontakti

Personat

Dokumentet

Përditësuar më

Çështjet studentore

Keni ndonjë pyetje?

Sektori për çështje studentore ndihmon me regjistrimin, vërtetimin e semestrit, konfirmimet dhe vërtetimet.

Përshtat pamjen

Zgjidhni si ju është më e lehtë të lexoni. Cilësimet ruhen vetëm në këtë pajisje.

Tema
Madhësia e tekstit
Kontrasti

Vija dhe tekst më të errët, pa sipërfaqe të tejdukshme.

Leximi

Më shumë hapësirë midis shkronjave, fjalëve dhe rreshtave; pa shkronja të pjerrëta.

Ndalo animacionet

I ndalon animacionet dhe videon.

Regjimi i fokusit

Pa video, motive dhe fotografi dekorative. Mbetet vetëm përmbajtja.

Regjimi i kursimit

Pa video dhe hartë; fotografitë zëvendësohen me përshkrim.