КЛИМАГРИ – CLIMAGRI
Паметно земјоделство за адаптација кон климатските промени
- Programi:
- Проект поддржан и финансиран од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија
- Periudha:
- август 2025 – октомври 2026
- Koordinatori i Fakultetit:
- проф. д-р Ордан Чукалиев
Проектот ги истражува и демонстрира можностите за адаптација на земјоделството кон растечките климатски предизвици. Визијата е развој на капацитети за одржливо и поотпорно земјоделство со примена на иновативни дигитални, агротехнички и биолошки решенија.
Проектот вклучува тестирање на нови практики директно на терен кај различни земјоделски култури, користење на паметни уреди како сензори, агрометеоролошки станици и дронови, како и примена на природни и еколошки прифатливи методи за подобрување на својствата на почвата и конзервирање на влагата.
Адаптивните мерки и истражувачките полиња на проектот се претставени на Опитното поле на Факултетот во Долно Лисиче, а на обуката за паметно земјоделство учествуваа и средношколци од Куманово и од Скопје.


