FZNH
FZNH

Përmbajtja e kësaj faqeje është në gjuhën maqedonase.

Për Fakultetin

Që nga viti 1947,ndër themeluesit e UKIM-it

Themeluar më 16.12.1947 · Shkup

Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје е водечка институција во македонското високо образование од областа на земјоделството и храната веќе 79 години.

Misioni

Ги подготвуваме студентите со знаење, практични вештини и истражувачко искуство за успешна кариера во земјоделството и прехранбената индустрија. Преку квалитетно образование и научно-истражувачка работа, придонесуваме кон развој на општеството и кон поодржлива и попросперитетна иднина на нашата земја.

Влезот на Факултетот со знамиња и цветни леи
Hyrja e Fakultetit, rruga „16-ta Makedonska brigada“ nr. 3.

Факултетот е една од најстарите високообразовни институции во Македонија, кој заедно со Медицинскиот факултет и Филозофскиот факултет е еден од основачите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Факултетот започна со работа во 1947 година под името Земјоделско-шумарски факултет.

Дваесет и осум години подоцна, од овој факултет се издвоија два независни факултети, Земјоделски факултет и Шумарски факултет.

Земјоделскиот факултет во 2004 година е преименуван во Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје.

Ne jemi

Факултетот за земјоделски науки и храна е формиран на 16.12.1947 година и е еден од основачите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во својата долгогодишна традиција, Факултетот оствари плодна наставна, научно-истражувачка и апликативна работа, како и активна соработка со домашни и странски сродни институции. Во однос на капацитетите со кадар и опрема, Факултетот е врвна институција од областа на земјоделството и храната.

Imperativi ynë

Потребите за храна и земјоделски култури за индустриски преработки, и во поново време за биогориво, секојдневно се зголемуваат. Стандардите за нивно производство строго се воведуваат и се регулираат. Денес, земјоделството се базира на современа технологија со примена на нови методи и техники. Истовремено, глобален приоритет е одржливото искористување на природните ресурси и заштитата на животната средина. Согласно овие процеси, императив на Факултетот е да оформува академски профил, кој со голема стручност ќе биде оспособен да одговори на барањата во современото земјоделско производство.

Qëllimet tona

  • Понуда на студии за оформување академски профил, со знаења и вештини кои се неопходни за профитабилно производство и управување со природните ресурси.

  • Обезбедување научен кадар за успешно вклучување во научно-истражувачката работа од областа на земјоделството, храната и на животната средина.

  • Понуда на стручен кадар, технички обучени за донесување брзи и правилни технолошки решенија за производство на храна и суровини, организирање и управување со производството.

  • Имплементација на болоњските принципи во наставата и оформување модел на европското образование.

  • Осовременување на објектите, лабораториите, опремата и кадарот за настава и научно-истражувачка дејност, како основа за квалитетно образование и стручност.

  • Трансфер на технологии преку интензивна соработка со земјоделските производители, преработувачки капацитети и сродни институции.

Vizioni

  • Интеграција во европското образование

  • Соработка со други образовни и научни институции

  • Мобилност на студентите и наставниот кадар

  • Едукација и специфична обука на кадар вработен во директното земјоделско производство, прехранбената индустрија, агенциите за развој на земјоделството, невладини организации и владини институции кои ја креираат политиката во земјоделството

Mesazhi i dekanit

Младите инженери се наша иднина…

Портрет на Миле Маркоски
Проф. д-р Миле Маркоски, декан на Факултетот

Многубројни се предизвиците со кои се соочува агрономската професија, која е на пресврт заради глобалната криза и сѐ поголемата потреба за производство на храна, во согласност со еколошките стандарди, како што е наведено во Зелениот план на ЕУ. Климатските промени и деградацијата на животната средина се егзистенцијална закана за Европа и светот.

Примената на новите технологии доведе до фактот дека човекот е сѐ повеќе менаџер кој управува со сите процеси, како во примарното производство, така и во процесите на преработувачката индустрија и производството на храна.

Иако се чини дека тоа не е нешто што може да се проучува, реалноста е сосема поинаква. Во земјоделството секогаш ќе има работа, а неговиот развој секогаш ќе се прилагодува на потребите на човекот. Токму затоа, повеќе од било кога на државата ѝ се потребни млади стручни кадри – земјоделски инженери.

Студиите на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје се организирани преку 10 акредитирани студиски програми на прв циклус (додипломски) студии.

Од академската 2024/2025 година, за прв пат во 77 години постоење на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, акредитираме нова студиска програма – интердисциплинарни студии по Дигитално земјоделство, единствена од ваков вид во земјава. Студиската програма е поддржана од неколку факултети (ФИНКИ, ФЕИТ, Машински факултет, ПМФ) во рамки на УКИМ и претставува предизвик за сите млади кои имаат афинитет кон природните науки, областите на информатичката технологија, машинството и автоматизацијата.

На светот му е потребен систем на одржливо производство на храна што ќе користи земја, вода и други ресурси на поефикасен начин и со тоа ќе ја намали употребата на фосилни горива, што драстично ќе ги намали емисиите на гасови и ќе го намали ефектот на стаклена градина, и ќе ја зачува биолошката разновидност, ќе го намали количеството на отпад…

Забрзаниот пораст на населението во глобални рамки, развојот на индустриските и технолошките области, зголеменото искористување на природните ресурси создаваат сериозни еколошки проблеми кои се закана за човештвото. Затоа, само со примена и комбинација на посовремени технологии од различни области ќе можеме да ги оптимизираме производните процеси, зголемиме приносите, а истовремено да зборуваме за одржливо земјоделство кое ќе обезбеди храна денес и ќе остави простор за идните генерации.

За надминување на предизвиците веќе е развиен концептот на прецизно земјоделство, кој вклучува комбинација на различни области од различни науки, со цел да се оптимизираат приносите, а истовремено да се намалат негативните влијанија врз животната средина. Затоа, вложувањата во образованието на младите, науката и истражувањата треба да се приоритет за државата.

Сите студиски програми на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје имаат свои специфичности во однос на стекнатите компетенции, но сите се подеднакво важни за економијата на нашата земја и по дипломирањето отвораат можност за вработување во различни сектори.

ShkupПроф. д-р Миле МаркоскиDekan

Historiku

Nga viti 1947 deri më sot

Pikat kthesë në zhvillimin e Fakultetit, nga themelimi deri te programet e reja të studimit.

Historiku i plotë
  1. 1947: Основање

    Факултетот е основан во есента 1947 година како Земјоделски факултет, отсек на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје. Заедно со Медицинскиот и Филозофскиот факултет е основач на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

  2. 1949: Прва диплома

    Првата диплома на додипломските студии е издадена на 30. XII 1949 година.

  3. 1951: Прва зграда

    Прва зграда на Земјоделско-Шумарскиот факултет

  4. 1959: Прв доктор на науки

    Првата докторска дисертација е одбранета на 28. V 1959 година.

  5. 1971: Прв магистер

    Првата магистерска тема е одбранета на 24. XI 1971 година.

  6. 1975: Два самостојни факултети

    Земјоделско-шумарскиот факултет се дели на два самостојни факултета: Земјоделски и Шумарски.

  7. 1977: Работна организација (1977–1989)

    Земјоделскиот факултет функционира како Работна организација со Земјоделскиот институт, Институтот за сточарство и ветеринарство, Заводот за овоштарство, Заводот за лозарство и Факултетското земјоделско стопанство Трубарево — осум правни лица.

  8. 1990: Самостојна работна организација

    Од почетокот на 1990 година Факултетот работи самостојно со три основни дејности: образовна, научно-истражувачка и апликативна; покрај трите постојни насоки се отвора и општа насока.

  9. 1992: Ветеринарна насока (1992–1994)

    Ветеринарната насока функционира во рамките на Факултетот и натаму се оформува во самостоен Ветеринарен факултет.

  10. 1997: Земјоделска техника

    Се оформува нова насока – Земјоделска техника.

  11. 2001: Десет насоки и ЕКТС

    Наставата се организира на 10 насоки; Факултетот е меѓу првите 4 факултети на УКИМ што го воведоа кредит трансфер системот.

  12. 2004: Ново име

    Во февруари 2004 година Земјоделскиот факултет го промени името во Факултет за земјоделски науки и храна.

  13. 2005: Настава во Струмица

    Дисперзирана настава на градинарско-цвеќарската насока во Струмица.

  14. 2017: 70 години

    Јубилејна публикација „70 Година Факултет за земјоделски науки и храна-Скопје 1947-2017“.

  15. 2022: 75 години

    Публикација „75 Години ФЗНХ“.

  16. 2024: Bujqësia digjitale

    Од академската 2024/2025 година – нова интердисциплинарна студиска програма Дигитално земјоделство, поддржана од ФИНКИ, ФЕИТ, Машинскиот факултет и ПМФ.

  17. 2027: 80 години

    Јубилеј – осум децении од основањето на ФЗНХ (1947–2027).

Video

70 години ФЗНХ

Филмот по повод седумдесетгодишнината на Факултетот (1947–2017): историјатот и деканите, наставата, лабораториите и студентите.

Dekanati

Dekani dhe prodekanët

Në shifra

Fakulteti në shifra

дипломирани студенти

магистри на науки

доктори на науки

специјалисти

Податоци на Факултетот, 2026

Kapacitetet

Hapësira, laboratorë dhe fushë eksperimentale

Kapacitetet
  • 6амфитеатри
  • 29предавални712 m²
  • 7laboratorë të akredituar
  • 16лаборатории за научноистражувачка работа
  • 20+лаборатории за останата експериментална работа
  • 100простории за настава и административна работа2.156 m²
  • 11простории во Деканатот220 m²
  • 2конференциски сали180 m²
  • 1конференциска сала за визитинг професори40 m²
  • 2компјутерски простории100 m²
  • 1biblioteka300 m²
  • 1простор за Студентската организација30 m²
  • 74hektarë fushë eksperimentale

Biblioteka

Библиотеката на Факултетот има фонд од над 120.000 списанија и 28.000 книги и монографии од домашни и странски автори. Библиотеката има добиено статус на национален AGRIS Центар за Република Северна Македонија. Центарот овозможува соработка со светски научни институции и индексирање на македонските автори во меѓународни бази на податоци. Библиотеката е полноправна членка на системот COBISS.MK.

Biblioteka dhe tekstet elektronike

Njësitë zhvillimore

Fusha eksperimentale, DIPOZ dhe Qendra për karrierë

  • Fusha eksperimentale

    Опитното поле – ФЗНХ е друштво формирано од страна на Факултетот, на кое на располагање му се дадени 74 хектари земјоделско земјиште доделено од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Универзитетот, со намена за остварување на основната дејност на Факултетот, односно спроведување на практична и теренска настава на студентите, научно-истражувачка и апликативна работа.

  • ДИПОЗ

    Друштво за применети истражувања и перманентно образование во земјоделството

    За подобро искористување на човечките и техничките ресурси, Факултетот за земјоделски науки и храна, во март 2002 година одлучи да ги зголеми своите активности преку создавање на истражувачко-образовен центар на самоодржлива основа, а со основна цел да се создаде институција која ќе работи во областа на земјоделството, со зголемени истражувачки активности за подобрување на практични знаења на студентите и земјоделците.

  • Qendra për karrierë

    Центарот за кариера при Факултетот за земјоделски науки и храна е главната врска меѓу студентите и бизнис-секторот. Центарот за кариера одржува контакти со студентите кои дипломирале на ФЗНХ (алумни), но, посветен е и кон идните генерации студенти.

Cilësia

Sigurimi dhe përmirësimi i cilësisë

Системот за обезбедување и унапредување на квалитетот на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје е составен дел од системот за обезбедување квалитет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и се спроведува во согласност со универзитетските акти, стандарди и постапки за обезбедување и унапредување на квалитетот.

Во рамките на Факултетот е формиран Këshilli për cilësi во состав од пет члена: три професори на Факултетот, еден студент и еден претставник на стопанството.

Studimet

Çfarë dëshironi të studioni?

29 programe studimi në ciklin e parë, të dytë dhe të tretë të studimeve.

Përshtat pamjen

Zgjidhni si ju është më e lehtë të lexoni. Cilësimet ruhen vetëm në këtë pajisje.

Tema
Madhësia e tekstit
Kontrasti

Vija dhe tekst më të errët, pa sipërfaqe të tejdukshme.

Leximi

Më shumë hapësirë midis shkronjave, fjalëve dhe rreshtave; pa shkronja të pjerrëta.

Ndalo animacionet

I ndalon animacionet dhe videon.

Regjimi i fokusit

Pa video, motive dhe fotografi dekorative. Mbetet vetëm përmbajtja.

Regjimi i kursimit

Pa video dhe hartë; fotografitë zëvendësohen me përshkrim.